Clinique Moisture Surge 100H крем за лице!
Пред неколку години познатиот бренд за убавина Clinique претстави крем кој за само неколку месеци се покажа како апсолутен бјути хит. Можеби веќе знаете дека станува збор за крем гелот Moisture Surge 72h, за чии ефекти зборуваат многу задоволни жени, а неговата популарност сè уште не спласнува. Оригиналниот Moisture Surge крем во меѓувреме доби засилување, па сега зборуваме за цело семејство на Clinique Moisture Surge производи. Сега, на една од најпопуларните линии за убавина сега и се придружи нов производ – ново, уште подобро издание на омилената хидратантна крема.
Пристигна Clinique Moisture Surge 100H, новото издание на најпопуларната хидратантна крема!
Гел кремот што сите го сакаме од сега доаѓа со нова, подобрена формула. Clinique Moisture Surge 100H Auto-Replenishing Hydrator обезбедува хидратација што поминува низ десет и повеќе слоеви на кожата. Цели 100 часа после примената, кожата е измазнета, сјајна и хидрирана – дури и по миењето на лицето.
View this post on Instagram
Технологијата за самообновување и помага на кожата да создаде сопствен извор (бунар) на вода за кожата да се хидрира постојано и самостојно. После првата употреба значително го зголемува нивото на хидратација, а по 4 недели видливо ја зајакнува кожата.
View this post on Instagram
Волшебниот ефект на Clinique Moisture Surge 100H кремот!
Тајната на новиот Clinique Moisture Surge 100H Auto-Replenishing Hydrator крем лежи во новата, ексклузивна био ферментација на Алое Вера создадена со употреба на органски екстракт од алое во прав, лактобацили и вода од алое вера. Преку уникатен процес на ферментација, состојките се трансформираат во единствена состојка богата со хранливи материи за полесна апсорпција во кожата. Со оваа био ферментација на кожата и овозможуваме да ја задржи водата подолго време.
Како се користи?
Без мирис, алкохол и масло Clinique Moisture Surge 100H Auto-Replenishing Hydrator е идеален крем за сите типови на кожа. За максимален ефект, користете ја двапати на ден на чиста и сува кожа. Може да се користи самостојно, пред омилениот крем, на шминката во текот на денот за дополнително освежување.
Друг начин на кој можете да ја користите популарната Clinique крема е како 5-минутна маска без плакнење, како навлажнувачки прајмер, измешана со вашата омилена течна пудра и за природен сјај на кожата.
Покрај за лицето, може да се користи за обновување на сувите кутикули, лактови и колена и сувите врвови на косата.