Нема возбуда без страв! Nasomatto Fantomas
Задоволството на оној што го мириса парфемот е да претпостави каков ќе биде ефектот на мирисната креација врз луѓето околу, а ова очекување создава возбуда.
„Почнувам да креирам нешто, но во одреден момент тоа нешто почнува да прави свои избори. Тоа е процес што ме интересира и води. Ми се допаѓа чувството на губење контрола и да не сум единствениот што го прави изборот. Мојот главен интерес е да создадам нешто што ќе живее и ќе биде способно да раскаже нови нешта. Сакам моите парфеми да имаат постоење сами за себе, да не бидат робови на значењето кое јас им го давам“ – парфимерот.
View this post on Instagram
Шише илузија! Fantomas
Ова шише парфем е дел од проектот Nasomatto. Мирисот e неостварливо навестување за трансгресивниот чин што е извршен со леснотија на префинета прецизност.
Потрага за манипулирање и засилување на моќта на парфимерот. Fantomas остава непобитна трага за понатамошно истражување, траен фрагмент кој ја отелотворува духовитоста и шармот на совршено извршен план. Мистериозен мирис погоден за пркосни околности, кој навидум предизвикува мирисни илузии со постојан развој.
View this post on Instagram
Идеја која води кон похармоничен свет или негово уништување… Мирис на софистицирано злосторство.
Инспирација за пакувањето!
Инспириран од најозлогласените сцени од злосторства, амбалажата е покана за истражување, откривање и извлекување на сопствени заклучоци. Капачето на Nasomatto Fantomas шишињата е изработено од дрво од лешник кое поминало низ процес на вакумска метализација, а резултатот е четири рефлектирачки страни. Како и со сите други мириси на Nasomatto – целото пакување е создадено во Италија.
Мирис кој останува во сеќавањата!
Дрвенести ноти, арома на лешник и малина во комбинација со мошус, кедар и амбер го прават овој мирис неповторлив. Мирис кој останува во сеќавањата.