Брендот Lacoste уште еднаш го слави белиот спорт и тенисот како инспирација. Најновата креација за мажи Match Point e претставен како дрвенест ароматичен мирис, посветен на тенисот и поврзан преку името со деталите на шишето – капаче во форма на дршка од рекет и дно на шишето во форма на скулптурно втисната тениска топка. Секако не е заборавен крокодилот што се наоѓа веднаш до логото на брендот.
Алузија на зелениот крокодил!
Зелениот крокодил може да биде алузија на состојките од композицијата – интензивниот акорд на зелен босилек при отворањето на мирисот, бојата на тревнатото тениско игралиште, но како и симбол на свежина, енергија и успех.
Мирис кој нуди свежина!
Миризливата композиција нуди акорд од грејпфрут, што го нагласува босилекот и розовиот бибер во почетните ноти на мирисот, потоа горчливата генцијана комбинирана со мускатна жалфија и гераниум во срцето на мирисот, придружувани од дрвенести ароми на ветивер и кашмир во основата.
Лица на кампањата – Arnaud Valois и Souheila Yacoub!
Во рекламната кампања на Match Point машкиот мирис се појавуваат актерите Arnaud Valois и Souheila Yacoub.
Lacoste Match Point е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.