Open Sky е лимитирана едиција на брендот Byredo, нова мирисна приказна која го слави „она помеѓу“.

Open Sky visual

Она помеѓу точката на поаѓање и крајната дестинација!

Open Sky го истражува просторот помеѓу точката на поаѓање и крајната дестинација.

Иако, практично сме заробени на едно место веќе некое време, нашите сеќавања станаа посебно живи – и она на кое најчесто се сеќаваме се патувањата. Таа идеја за движењето, за патувањата, за тоа дека сте некаде на пат е она што најмногу ми недостига во моментов. Она што сакав да доловам со овој мирис е празнината која постои помеѓу две места, местото на поаѓање и крајната дестинација“ – Ben Gorham – основач и креативен директор на Byredo.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYREDO (@officialbyredo)

- Реклама -

Мирис на самото патување!

Настанат во време кога светот е приземјен, Open Sky претставува метафизички омаж на искуството на патувањата: мирис на самото патување. Истражувајќи ја празнината меѓу местото на поаѓање и крајната цел и апстрактната привлечност на бесконечниот хоризонт, ова е мирис кој не постои ни овде ни таму – туку го слави она помеѓу.

Byredo Open Sky poster

Open Sky poster

- Реклама -