Конечно, можеме да го поздравиме новиот машки парфем од модната куќа Paco Rabanne, кој не припаѓа на популарната милион колекција, новото издание наречено Phantom – футуристички ароматичен дрвенест мирис, роден од судирот меѓу луксузната изработка и новата технологија.
Робот е инспирација за новото шишенце!
Phantom доаѓа во многу атрактивно шише слично на играчка, што е тренд меѓу дизајнерските брендови кои се тркаат да понудат што е можно повеќе невообичаени шишенца за своите парфеми. Овој пат, инспирацијата за новото шишенце е робот, направен во сребрена боја со црни детали, големо лого на градите и прскалка поставена на „носот“ на роботот.
Мирис за да се чувствувате енергично, силно, сигурно и секси!
Мирисната композиција е создадена со помош на супериорна креативна постапка за избор на состојки за да се чувствувате енергично, силно, сигурно и секси. Може да очекувате смел мирис составен од кремаста лаванда, енергичен лимон (засилен со молекулата „styrallyl acetate“ која дава мирис на сува и интензивно зелена нијанса на гарденија) и секси дрвенеста ванила. Paco Rabanne Phantom е формулиран како мирис на денешницата, создаден за иднината.
Новиот Phantom мирис е потпишан од парфимерите: Anne Flipo, Dominique Ropion, Loc Dong и Juliette Karagueuzoglou.
View this post on Instagram
Phantom колекција!
Paco Rabanne Phantom е достапен во шишенца од 50, 100 и 150 мл, како Eau de Toilete и шишенце за надополнување од 200 мл. Покрај тоалетната вода колекцијата вклучува и део спреј од 150 мл.