- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Германската модна куќа Joop! го претстави новиот машки мирис Joop! Homme Eau de Parfum коj припаѓа на Joop! Homme линијата, започната со еден исклучително популарен мирис од самото лансирање до денес. Култната мирисна композиција на парфимерот Michel Almairac ја истакнуваше неодоливата сладост на ванилата во комбинација со жешки зачини, топли дрвенести ноти со фин пудрест потпис. Цимет и ванила со хелиотроп и тонка, всушност го формираат ‘рбетот на првото Joop! Homme издание.

Лешник – доминантна мирисна нота!

Новата креација Joop! Homme Eau de Parfum што ја надополнува Joop! Homme линијата нуди една од најтрендовската мирисна нота на денешницата – лешник, чиј мирис е зачинет со топол и кремаст сојуз на дрвенести ноти, тонка и кашмир. На отворањето доминираат лешници и бергамот со сладок и зачинет акорд од цимет, што најавува парфемско срце во кое има живописни цветови од портокал, стопени со пудресто-ванилест хелиотроп, кардамон и ела. Срцето е нагласено со топла и опојна нота на мед. Основата на мирисот придонесува за длабочина и топлина и комбинира зрна од тонка со ванила, сандалово дрво, мов, кашмир и ветивер.

Joop! Homme Eau de Parfum visual

content

- Реклама -

Joop! Homme Eau de Parfum е достапен во шишиња од 75 и 125 мл, како Eau de Parfum.

Joop! Homme Eau de Parfum bottled