- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Фанови на Zara подгответе се за вест што ќе ви ја разубави годината! Пристигна Zara Beauty!

Во последниве години се навикнавме на фактот дека во повеќето познати продавници за облека можеме да ги пронајдеме нивните бјути линии. Тоа воопшто не изненадува со оглед на нивната популарност. Ако сте како 90% од жените и девојчињата во Македонија, заљубени во Zara, тогаш знаете дека модниот гигант Zara ја лансираше својата прва мејкап колекција со над 130 нијанси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZARA Official (@zara)

Zara во соработка со легендарната шминкерка Diane Kendal

При креирањето на новата мејкап линија, Zara соработуваше со легендарната шминкерка Diane Kendal, а целта беше да се создаде нешто навистина инклузивно во кое многумина можат да учествуваат односно иновативни производи со разигран, личен и индивидуален карактер, сите направени со квалитетни состојки и вистинска иновативност во бојата.

- Реклама -

Чувствував како да е вистинско време да соработувам со бренд што има толку разновидна и инклузивна публика, производи направени од високо квалитетни состојки и чисти формули што ги прави достапни за секого – без оглед на полот, возраста, бојата на кожата или личниот стил“ – вели Diane Kendal.

Zara Beauty Diane Kendal
Diane Kendal

Zara Beauty е тука: Што треба да знаете за почеток!

Новата мејкап линија на Zara содржи сè што е потребно за совршен мејкап изглед – од кармини, хајлајтери до сенки за очи и лакови. Како модата на Zara, има по нешто за секого, без разлика дали ќе создадете лесен мејкап изглед или целосен глам-рок изглед или комплетно контрастни очи и усни.

Постојат шест производи за усни: Ultimatte Matte Lipstick, Cult Satin Lipstick, Tinted Balm Lipstick, Stiletto Demi-Matte Lipstick, Nourishing Jelly Oil и Velvet Pigment Lip Gloss. Има по нешто за секого во меките, пигментирани и лесни формули за нанесување. Елегантната црно-бела амбалажа не потсетува на производи за усни од луксузните модни куќи, но со пристапни цени. Ако сте љубопитни, малата косина во дизајнот на амбалажата е инспирирана од буквата „Z“ на брендот Zara.

zara beauty lipgloss

За очи има четири производи: Eye Colour in 6 Eyeshadow Palette (во 5 нијанси), Eye Colour in 2 Eyeshadow Duo (во 9 нијанси), Metal Foil Loose Pigment (во 4 нијанси) и еден туш за очи. Во мејкап колекцијата има и 9 нијанси на бронзери и руменила, 2 нијанси на хајлајтер и 3 нијанси на палети за лице, како и 6 четки кои ќе ви помогнат да ги нанесете сите горенаведени производи.

Колекцијата е надополнета со неверојатни 39 нијанси на лакови за нокти, за кои од Zara велат дека се направени со природни состојки.

Мејкап производите не се тестирани на животни и се вегански, а белата елегантна амбалажа може да се надополнува, освен лаковите за нокти и сјаевите за усни кои се спакувани во еко стакло.

Zara Beauty само онлајн и на избрани локации!

Новата мејкап линија на Zara е достапна на zara.com и на некои избрани локации за малопродажба.