Во обид да ја освои помладата генерација, Mugler ја лансираше женската мирисна линија Alien Goddess како продолжување на култната Alien линија. Alien Goddess конкретно ja таргетира Gen-Z, популација која допрва треба да се запознае со брендот Mugler. Оваа мирисна линија е современа интерпретација на саканиот Alien универзум.
Живописен, фасцинантен, расцветан!
Сега, лансиран е Mugler Alien Goddess Supra Florale. Овој нов мирис е прослава на мистичната женска сензуалност, отелотворувајќи ја силата и дарежливиот дух. Неговиот состав се врти околу три цветови кои хармонично се испреплетуваат за да ја откријат иднината на цветните парфеми.
Расцветува повторно и повторно!
Најновиот талисман Alien Goddess Supra Florale од Mugler се отвора со излив на цитрусни ноти благодарение на акордот на цвет од кактус. Оживувачкото отворање на мирисот ја поставува сцената за цветна, богата и етерична арома на јасмин. Мирисот го достигнува своето крешендо во основата со пустински цвет, мешајќи зачинети и овошни акорди.
Шише украсено со златни акценти!
Мирисот Alien Goddess Supra Florale спакуван во шише украсено со златни акценти, дизајнот го црпи од полускапоцениот камен аметист.
Мирисот е достапен во шишенца од 30, 60 и 90 мл, како Eau de Parfum.