Категоријата „најдобар парфем“ е доста субјективна затоа што секој има свој омилен фаворит и исклучително е тешко да се даде титулата најдобар меѓу најдобрите само на еден парфем. Сепак, секоја година The Fragrance Foundation доделува Fi-Fi награда, која може да се опише како еден вид Оскар во светот на парфемите. Секоја година, членовите на жирито гласаат во неколку категории: најдобро пакување, најдобра медиумска кампања, најдобра парфимерија, а се издвојуваат парфеми кои се најдобри во избор на потрошувачите. Во категоријата „мирис на годината“ беа прогласени неколку најдобри парфеми! Заслужено на врвот се најде парфемот со потпис на Tom Ford – Lost Cherry Eau de Parfum, потоа Jo Malone Honeysuckle & Davana Cologne, Cloud de Parfum со потпис на пејачката Ariane Grande, парфемот на Dior – Sauvage Eau de Parfum и Bleu de Chanel Eau de Parfum Pour Homme Spray со потпис на Chanel.
Најдобар меѓу најдобрите!
Во категоријата „Пакување на годината“, победата ја однесе Chanel N°5 Limited Edition Grand Extrait со неверојатна цена! Ова парфемско колаче чини дури 30.000 УСД и доаѓа во прекрасно црвено пакување. На подиумот со скапиот Chanel се најде и парфемот John Varvatos JVxNJ Eau de Toilette во кое дизајнерско осмислување беше вклучен Nick Jonas. Во категоријата „Најдобра медиумска кампања“ победи Black Opium на YSL, додека парфемот потпишан од DKNY – Cashmere Mist Eau de Parfum Spray ја освои категоријата „Hall of Fame“. Кога станува збор за изборот на потрошувачите, во таа категорија најдобри се – Daisy Love со потпис на Marc Jacobs, 1 Million Lucky со потпис на Paco Rabanne и Victoria’s Secret Tease Rebel. Наградата „Perfume Extraordiinaire“ отиде кај Hallucinogenic Pearl, потпишан од A Lab on Fire, а во категоријата „Home Collection of the Year“ победи колекцијата на мирисливи свеќи Diptyque 34 Boulevard Saint Germain Large 5-Wick Indoor/Outdoor Candle.