Кога станува збор за третмани за нега на коса, насочени кон тенка и ретка коса, напредната технологија и истражувањето на L’Oréal за биолошкиот механизам кој го регулира скалпот и косата, доведе до пронаоѓање на револуционерен анти-thinning третман наречен Serioxyl од линијата L’Oréal Professionnel.
Професионален совет!
Тенка и ретка коса генерално е предизвикана од два фактори: губење на густината на косата, односно помалку коса по см2 и помал дијаметар на косата. Времето кога косата станува потенка и разредена зависи од многу фактори: семејната историја, возраст, исхрана, стрес, хормони и начин на живеење, но ова се само дел од долгата листа на фактори.
Serioxyl Anti-thinning третман против тенка и ретка коса!
Иницирана од темелна дијагностика и борбата против тенката коса од глобалниот фризерски експерт L’Oréal Professionnel, пристигна решение кое совршено е прилагодено за справување со проретчувањето на косата за третирана со бои или природна коса, делувајќи на главните симптоми.
Serioxyl со неговата уникатна формула, базирана на Stemoxydine, Neohesperidin, Intra-Cylanetm, Incell и Pro-Keratine, овозможува видливо подобрување на тенката коса од коренот до врвот на влакното. Serioxyl ефикасно се бори со тенката косата, враќајќи густината на влакната, подобрување на отпорноста кон оштетување на влакното и обезбедува енергија и хранливи материи за да му помогне на фоликулот на косата да ја исполни својата улога.
Третман во фризерски салон и дома!
Програмата од 2 чекори започнува во вашиот L’Oréal Professionnel фризерски салон преку професионална дијагноза и третман на косата и скалпот, а продолжува со ваша лична програма дома, вклучително Clarifying шампон, Bodifying регенератор и Densifying пена, за да се осигурате дека ќе го добиете најдобриот можен резултат.
Според тврдењето на L’Oréal Professionnel резултатите од третманот со Serioxyl се зачудувачки: видливо зголемена густината на косата кај 83% од корисниците, подебела коса кај 81% и зголемен волумен кај 77% од корисниците.