Мирисна инкарнација на автентична современа љубов е темелот на мирисната линија Emporio Armani, претставена преку парфемите Because It’s You и Stronger With You лансирани во 2017 година. Брендот Armani презентира нова верзија на машкото издание наречено Emporio Armani Stronger With You Absolutely.
Сензуален, страствен и заводлив Emporio Armani мирис!
Stronger With You Absolutely најавен е како најинтензивен мирис на оваа колекција – сензуален, страствен и заводлив. Ориентален парфем кој се потпира на класично машкиот fougere состав, проширен е со овошно-цветни елементи и со веќе препознатливата дрвенеста основа. Композицијата на мирисот започнува со акорд на рум, бергамот и elemi смола во горните ноти. Во срцето доминира лаванда од Јужна Франција. Билката давана се придружува и му дава длабочина на мирисот и посебна слатка нота. Земјените и зачинети компоненти се заокружуваат со ванила од Мадагаскар и пачули.
Внатрешност во боја на рум!
Шишето на Stronger With You Absolutely е со препознатливото капаче и се карактеризира со внатрешност во боја на рум.
Emporio Armani Stronger With You Absolutely е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.