Со новите Exceptional Extraits, Amouage ги помести границите во креирањето мириси! Amouage го истражуваше спојот помеѓу „добродушноста“ и „времето“ за да создаде квартет сочинет од 4 парфеми во склоп на колекцијата Exceptional Extraits. Концентрирани по највисоки индустриски стандарди и со „зреење“ помеѓу три до шест месеци, новите Honour 43 Woman, Epic 56 Woman, Reflection 45 Man и Interlude 53 Man ги откриваат сокриените аспекти и длабочини кои се развиваат низ секоја димензија, правејќи ги побогати, помоќни и со продолжена трајност.

Од сонот роден од визионерски начин на размислување кој ја провоцира современата уметност, мирисите Amouage Exceptional Extraits претставуваат реткост, настанати без граници и ограничувања, некомпатибилно со било кој друг пристап во индустријата.

Amouage Exceptional Extraits

Како поезија во движење – формулирана бавно и со намера овие скапоцени парфеми да бидат будење на сетилата!

Renaud Salmon од брендот Amouage вели дека Amouage Exceptional Extraits настанале од нивната амбиција да создадат најдобри парфеми кои досега биле понудени. Нивниот почеток бил нагонски експеримент, Amouage и претходно го креираше Extraits, но ниеден досега не бил сочуван во таа концентрација, содржејќи помеѓу 43% и 56% чисто масло. Овие Exceptional Extraits барале поголемо трпение и одмереност. Секој парфем од овој квартет бил готов само тогаш кога парфимерот и господин Salmon сметале дека достигнал одредено ниво на експресија, раскажувајќи ни приказна која е сосема нова и возбудлива како би требало да се сподели со познавачите на парфемите.

Amouage Exceptional Extraits new

- Реклама -

За да постигнете совршена хармонија на состојките, времето е сè!

Amouage Exceptional Extraits се резултат на успешни чекори на „зреење“ кои потполно го дефинираат нивниот извонреден карактер. После пет до десет недели „зреење“, концентратите достигнуваат вистинско ниво: покажуваат карактер, комплексност и хармонија. Се е на свое место! Потоа полека се додава алкохол и започнува процесот на мацерација: единствен и неповторлив, кој трае помеѓу три и шеснаесет недели. Содржината се евалуира еднаш неделно, а секоја промена се бележи грижливо. Парфемите стануваат интензивни, прецизни и живописни, инспирирани од трансформацијата. Вистинска метаморфоза: нивниот универзум е проширен, а сите компоненти се потполно интегрирани и тие стануваат покомплексни од било кога.

Amouage Exceptional Extraits how to made

Поради возвишеното спојување на екстремна концентрација и продолжено созревање, овие иконични креации стануваат сè поизвонредни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AMOUAGE (@amouageofficial)

Honour 43 Woman

Првично, овој парфем настанал како Венерина ода на судбината на Madame Butterfly, Honour 43 Woman е посветен на поезијата, убавината и женственоста. Деценија подоцна, претставен е во концентрација на парфемско масло од 43%, Honour 43 Woman е возвишена интерпретација на опоен бел цветен парфем на парфимерката Alexandra Carlin. Вивнувајќи го на нова висина, белото цвеќе – јасмин, тубероза, гарденија и момина солза – пројдоа низ активен процес на созревање, одржувајќи ја секоја нота жива и младешка. Четирите цветни есенции продолжуваат да се развиваат и зголемуваат: позрели и побогати, полни со енергија. Honour 43 Woman е парадокс кој го чини сетилното искуство потполно поинакво.

Honour 43 Woman

Epic 56 Woman

Инспириран од легендите на „Silk Road“, Epic Woman од 2009 е култен зачински мирис на брендот Amouage, кој цвета под мистичното зајдисонце на Кина и Арабија. Со високо концентрираниот Epic 56 Woman Extrait, парфимерката Cecile Zarokian ја покажува својата силна желба на тешкиот но чудесен баланс во високи дози од 56%. После скоро 5 месеци созревање, пикантноста на зачинот станува огнена, бидејќи повеќе од било кога се среќава со пандан на амбер. Двата екстреми се спојуваат како би ја откриле срцевината на ружа.

Epic 56 Woman

Reflection 45 Man

Олицетворение на машка префинетост, Reflection Man од 2007 година ја отсликува заводливата моќ на внатрешната сила на мажите, одразувајќи самодоверба и зголемена софистицираност. Поради времето и 45% концентрација на парфемско масло, Reflection 45 Man открива карактер кој е исполнет со нежна комплексност, самодоверба и кристална елеганција. Овој дрвенест цветен мирис на мошус кој го креираше парфимерот Lucas Sieuzac, после четири месеци „зреење“ е проткаен со свежина и цветни ноти. Композицијата спротивставува светли ароматични ноти со сензуални слоеви на ветивер, пачули и сандаловина во комбинација со зачини. Мажествен и неочекувано модерен во исто време. Луксузно модерен класик.

Reflection 45 Man

Interlude 53 Man

Експлозија од различни балсами и зачини кои ги обземаат душата и сите сетила, Interlude Man од 2021 година е извонреден приказ на моментот на хармонија во хаосот. На раскрсница на екстремна концентрација и продолжено созревање, Interlude Man е врвна верзија на екстракт, креација на парфимерот Pierre Negrin. Сега формулиран во доза од 53% и период на созревање од 6 месеци, открива нови аспекти и длабочина на оригиналната формула. Секој Interlude 53 Man парфем е малку поинаков, а сепак ја одразува нежноста на нотата на смола во фузија со карамелизиран мед кој се прелива во темни, задимени дрвенести нијанси.

Interlude 53 Man