- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Брендот Jean Paul Gaultier последниве години лансираше навистина одлични мирисни креации: Scandal, Classique Pin Up, La Belle, Le Male Aviator и други.

Le Male – еден од најзначајните мириси од 90-тите години!

Машката мирисна колекција Le Male ја слави оригиналната креација, еден од најпродаваните парфеми, но и еден од најзначајните мириси од 90-тите години. Колекцијата содржи бројни варијации кои ги задоволуваат љубителите на оригиналното издание, но и на новите генерации, задржувајќи ги истите клучни мирисни ноти, сега понудени на малку поинаков начин.

- Реклама -

Мирисот носи топлина на ориентално-дрвенести ноти!

Jean Paul Gaultier Le Male Le Parfum е најновиот пресврт на оригиналната креација, машки парфем кој сигурно ќе привлече големо внимание на љубителите на Le Male изданието, посебно поради неговата сензуална страна, која се заснова на свежина и меки, ориентални контрасти.

Новата креација е создадена од парфимерите Quentin Bisch и Nathalie Grazia-Cetto!

Jean Paul Gaultier Le Male Le Parfum е создаден како соработка на двајца исклучителни парфимери: Quentin Bisch и Nathalie Grazia-Cetto. Лавандата и кардамонот се клучните ноти на оригиналното Le Male издание, но сега комбинирани со ванила на еден нов начин. Новата интерпретација на мирисот носи топлина на ориентално-дрвенестите ноти кои стануваат ‘рбет на мирисот, оставајќи силни и смели впечатоци спротивставени и опкружени со свежи, меки и пудрести ароми.

Торзото на морнарот во црна боја!

Le Male Le Parfum е достапен во препознатливото шишенце на машко торзо, но во црна боја во големини од 75 и 125 мл, како Eau de Parfum.