- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисната линија Scandal на брендот Jean Paul Gaultier е проширена со ново, привлечно издание So Scandal! како четврти мирис кој е најовошен и најцветен. Шишето на новиот мирис го следи основниот дизајн на Scandal линијата со промени на стакленото шише, со што се нагласуваат рабовите на шишето за ефект на прекршување на светлината, правејќи ја самата течност уште попредизвикувачка.

Scandal – афродизијак, смртоносно оружје кое е крајно еротско!

Првиот Scandal е приказна за мед и пачули! Гурманска, карамелизирана и кремаста бомба со гарденија. Директен, секси и многу интензивен мирис. Scandal by Night ја развива заводливоста на црешите измешани со богат мед, тонка зрна и тубероза. Неодолив и опоен мирис, многу потемно издание од првата креација. Третиот мирис од  Scandal линијата е полесен, посветол и порелаксирачки од претходникот. Scandal A Paris ја присвојува сладоста на златниот и сончев мед комбинирајќи го со јасмин, правејќи го мирисот соларен, сочен и вибрантен, поседувајќи ja сладоста и сексипилноста од Scandal линијата. Што можеме да очекуваме од So Scandal мирисот?

- Реклама -

Моите впечатоци! И бум! Како бомба на сè што е сензуално!

Најновиот So Scandal! е овошна и цветна бомба, создадена во секси стилот на Jean Paul Gaultier. Со отворањето на мирисната композиција се потенцира раскошот на ликерот од малина во комбинација со густо црвено овошје и сок од црвен портокал, заедно со соларните аспекти кои даваат осветлување, живост и блескавост на креацијата. Млечниот и кремаст цветен букет кој го придружува овошниот почеток има арома на слатка гума за џвакање и арома на пенлив шампањ, давајќи му динамичност и живост, не ограничувајќи го мирисот исклучиво на слатки нијанси на бонбони.

Туберозата во овој мирис е богата, не е зеленкаста или свежа, повеќе кремаста и темна, со малку мед, но не како во претходните креации. Цветовите од јасмин го зајакнуваат срцето со својот карактер, правејќи го букетот уште позависен. Медените подтонови не се слични со претходните креации – ме потсетуваат на многу лесни пролетни ароми на липов мед, сјаен и светол. Цветниот, млечниот и меден ‘рбет на мирисот развива посебен, сензуален и свиленкаст траг, кој мириса на свилени бонбони, крајно заводливо и женствено.

Парфимерите Daphné Bugey и Fabrice Pellegrin ја создадоа оваа мирисна креација, а ова не е нивно прво мирисно танго.

Толку скандалозно! Розовиот сок е толку провокативен, крајно секси!

Светло розовиот сок е толку провокативен преку стаклената драперија на шишето, а неговата светла боја на малина која е скоро бургунска е крајно секси. Надворешното пакување ги повторува претходните изданија, а мирисот доаѓа во лименка која е прекриена со кадифе.

Jean Paul Gaultier So Scandal! во продажба може да го пронајдете во шишиња од 30 , 50 и 80 мл, како  Eau de Parfum.