Здрава коса полна со волумен и сјај е она што го прави Kérastase синоним за непогрешлив квалитет, а секоја линија ја менува свеста и носи силна порака. Сите припаднички на понежниот пол кои на најдобар можен начин сакаат да ја негуваат својата природна кадрава коса можат да здивнат, бидејќи нивните природни кадрици и брановидна коса од сега ќе изгледаат најдобро.
Curl Manifesto го залуде светот на убавината!
Новата линија на Kérastase наречена Curl Manifesto веќе го залуде светот на убавината. Природно витканата коса во моментов е во фокус. Кога имаме рамна коса, сакаме кадрава и обратно. Но, во последно време акцентот е ставен на негување на природната брановидна или виткана коса и се нагласува нејзината уникатност и убавина. Витканата коса не е лесна за одржување, а кадриците навистина бараат посебна грижа за да изгледаат убаво, сјајно и здраво.
Линијата Curl Manifesto за сите типови и текстури на коса!
Некои светски податоци покажуваат дека до пред неколку години, 80 проценти од жените не ја прифаќале својата природно виткана коса, туку се стремеле кон исправување, фенирање. Денес ситуацијата е поинаква, денес се повеќе жени почнуваат да се грижат за својата природна коса и тие се горди на тоа. Тие веруваат во различноста и уникатноста, што во голема мера го смени денешниот поглед на општеството, како и потребите на фризерските салони. Нема ништо поубаво од прифаќањето на природната убавина што ни е дадена. Дали жената е повеќе самоуверена со нејзината природна коса? Звучи неверојатно? Но, Curl Manifesto дефинитивно ги побива сите предрасуди и освен што физички ја прави промената, тоа го прави и одвнатре со подигнување на свеста за тоа колку жената е вредна, убава и уникатна: засекогаш.
Интензивна нега за сите видови кадрава коса!
Линијата од 7 производи со кои кадравата и брановидна коса повторно дише, без да се чувствува тешка, без да се чувствува сува и дехидрирана, ќе ја воодушеви секоја жена. Со единствена комбинација на хидратација, зајакнување и дефинирање, оваа линија обезбедува интензивна нега за сите видови на кадрава коса. Хидратантниот манука мед, зајакнувачкиот церамид и глицеринот за дефиниција е комбинација која кадравата коса ја прави повеќе хидратантна, отпорна на кршење и со повеќе дефиниција. На крајот на краиштата, оваа линија е комбинација на луксуз со одлични перформанси, што ги охрабрува жените да ги носат своите кадрици гордо и да бидат полни со самодоверба.
View this post on Instagram
Секоја коса бара индивидуален пристап и третман, а во светот на убавината со години има третмани кои ги воодушевуваат жените. Здравата коса, полна со волумен и сјај е она што го прави Kérastase име кое е синоним за непогрешлив квалитет, кое има силна порака зад секоја своја линија.
View this post on Instagram
Како до Kérastase Curl Manifesto?
Вашиот третман можете да го резервирате во еден од овластените салони на Kérastase и целосно да се препуштите на заслуженото задоволство за кое ќе зборувате долго време. Производите на Kérastase ексклузивно можете да ги набавите онлајн преку страницата на Еликсир Ексклузив.