- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Руменилото е тоа парче шминка што често го игнорираме и не сфаќаме колку моќно може да биде. Кога ќе нанесеме малку пудресто или кремасто руменило на образите, тенот веднаш добива свежина и здрав изглед. Но, тој ефект исклучиво зависи од правилниот избор на нијанса, според вашиот тен. Затоа, во продолжение ви пренесувам неколку совети за тоа како да ја изберете идеалната нијанса на руменило, без разлика дали имате светол, среден или темен тен на лицето!

Идеална нијанса на руменило според вашиот тен!

Ако имате светол тен!

За вашиот порцелански тен изберете нежно розови, праскасти или светли корални руменила. Размислете за кремаста текстура на руменило што едноставно дава поприродна сјајна завршница, без интензивна боја. Кремастите руменила го имитираат природниот финиш на кожата и се мешаат со неа на најреален начин.

При нанесување на руменило на светла кожа начинот на апликација е многу важен. Руменилото најдобро е да го нанесете со тапкање со помош на прсти или изблендирајте го руменилото со duo-fiber четка, односно четка со две различни влакна. Премногу мејкап производи или премногу интензивни нијанси на руменило ќе создадат груб ефект. Ако ви се допаѓа таков изглед – повелете! Но, ако претпочитате децентна шминка, добро изблендирајте го руменилото со нежна боја.

- Реклама -

Ако имате средно светол тен!

Ако имате средно светол тон на кожата, изберете ја прекрасната темно розова нијанса, па дури и одредени нијанси на mauve боја (боја на слез). Овие бои ќе му дадат драматичен ефект на вашето лице. За адекватно нанесување на руменило, насмевнете се и нанесете руменило под и над во форма на полумесечина, па дури и на аглите на очите за совршен допир на топлина.

Ако имате маслинест тен избегнувајте ладни нијанси на руменило, како нијансата на слива, бидејќи може да го направи вашиот тен безживотен и сив.

Ако имате темен тен!

Гордите сопственици на потемна кожа можат да изберат руменило од палетата на темно црвени, портокалови и кафени руменила. Трикот е да изберете нијанса што изгледа многу интензивна во палетата со нијанси. Овие нијанси, за разлика од светло розовата ќе ја направат вашата кожа полна со живот. Пробајте fuchsia, ако вашиот тон е малку потопол или интензивна нијанса на мандарина ако е постуден. Нанесете го руменилото со кружни движења на образите, а потоа продолжете кон краевите. Руменилото можете дури да нанесете на врвот на ушите за убав „pop of color“.