- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисната колекција La Vie Est Belle на францускиот бренд Lancôme е проширена со ново издание кое сигурно ќе го привлече вниманието на многу љубители на оваа популарна линија. Станува збор за La Vie Est Belle Soleil Cristal, варијанта на оригиналното издание, најнова креација која ќе предизвика желба кај многу други кои досега не ја фаворизираа линијата La Vie Est Belle. Композицијата е различна, помалку слатка, а повеќе егзотична и суптилно пудреста, сместена во исклучително привлечно шише кое се прелива со бои.

Флертување помеѓу фина елеганција и блага егзотика!

La Vie Est Belle Soleil Cristal ќе понуди соларни ноти на мандарина и нивна сладост измешана со бергамот, заедно со интензивен розов бибер на отворање на мирисот. Целта е да се нагласи слаткото тропско цвеќе ylang – ylanga во срцето, кое се прегрнува со бел јасмин и цветови од портокал, попрскани со пудрест превез. Флертувањето помеѓу фината елеганција и благата егзотика се постигнува со додавање на мешавина од ванила и кокос во основата, која е продлабочена со топлината и земјената нијанса на пачули.

- Реклама -

La Vie Est Belle Soleil Cristal е достапен во количина од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.