Обожавате долги, волуменски и густи трепки и немате страв од размачкување на маскарата, тогаш веројатно користите водоотпорна маскара. Понекогаш многу тешко е да ја отстраните, бидејќи нејзината формула е богата со восоци и супстанци кои даваат водоотпорност, но многу често придонесува за исушување на трепките. Затоа користете водоотпорна маскара само во посебни прилики. Со цел да не се разбудите со очи како панда, ви предлагам 3 ефикасни методи за отстранување на водоотпорна маскара!
Водоотпорната маскара содржи пигменти на црн јаглен и железен оксид, со цел да ги потемни трепките, полимери со цел да ги зацврсти трепките, конзерванси и агенси за згуснување на формулата во форма на восок или масло. Она што сакате да го отстраните кога ја отстранувате водоотпорната маскара е токму тој восочно-маслен микс. Покрај стандардниот отстранувач за шминка кој често не може да се справи со упорната водоотпорна маскара, постојат ефективни средства за нејзино отстранување.
Водоотпорна маскара – 3 најефикасни начини за отстранување!
Кокосово или маслиново масло!
Еден од најбезбедните начини за отстранување на водоотпорна маскара е користење на ладно цедено маслиново или кокосово масло. Со овој метод нема потреба да триете околу нежната област на вашите очи. Најдобро е тоа што овие масла се богати со хранливи материи и помагаат за растење на здрави трепки.
Натопете памучен туфер со малку масло. Доближите го туферот на затворено око и задржете го неколку секунди за да почне да се топи маскарата. Нежно повлечете го туферот кон врвовите на очните капаци без да триете. Повторете го овој процес додека не ја разбиете формулата на маскарата и додека вашите трепки не се целосно чисти. Избришете го остатокот од масло со мицеларна вода или марамчиња за отстранување на шминка.
Совет плус: Користете мала количина на масло за овој метод, бидејќи ако претерате, вишокот на масло може да влезе во очите. Ако тоа се случи, само добро исплакнете ги очите со вода.
Направи сам! Отстранувач на шминка!
Се покажа дека ова средство за отстранување на шминка проверено ја отстранува и најупорната маскара!
Состојки:
Бебешки шампон, формула “без солзи” – 2 лажици,
Маслиново масло – 2 лажици,
Дестилирана вода – 2 лажици,
Памучни туфери,
Измешајте го шампонот, водата и маслото во сад. Запомнете дека треба да користите шампон со формула “без солзи”. Измешајте ги состојките со дрвена лажица. Внимавајте премногу да не мешате, бидејќи може да создадете пена. Течноста наполнете ја во шише со пумпа или затворач.
На ист начин, натопете го туферот, доближите го на затворен очен капак и држете го неколку секунди за маслото да почне да делува. Нежно повлечете го туферот кон врвовите на трепките.
Отстранување при хитни ситуации – крема за лице или бебешко масло!
Ако сте се вратиле од излегување и немате ни масло ниту пак отстранувач за шминка, обичен крем за лице или универзален крем ќе помогне тешките восоци од маскарата да се истопат. Истото ќе го постигнете со бебешко масло. Нанесете еден од овие производи на туфер и постапите како што е опишано погоре.
Запомнете, кремот и бебешкото масло се ефикасни при отстранувањето на шминката, но се резервирани само за оние денови кога сте во брзање или немате средство за отстранување на шминка.