Брендот Lacoste инспириран од култната L.12.12 поло маичка, креирана од страна на René Lacoste во 1933 година, го претстави новото мирисно дуо L.12.12 Eau Fraîche за него и за неа, од истоимената парфемска линија препознатлива по нејзината елегантност и мазните шишенца декорирани со препознатливото лого крокодил.
L.12.12 Eau Fraîche за неа
Таа влегува на игралиштето во непогрешлив безвременски стил, со поло маичка и плисирано здолниште. Кората од мандарина ја зголемува енергијата со сета своја сила. Мирисот е заокружен со пресвртот кон женствени водени ноти, помешани со магнолија, крин и нежен бел јасмин.
Играта се приближува кон крајот со суптилен индонезиски пачули, придружен со дрвенести ноти и мошус. Како трофеј, шишенцето во светло розова боја со ледена основа, е декорирано со логото крокодил во боја на шампањско.
L.12.12 Eau Fraîche за него
“Мускетарот” игра елегантна и отворена игра, демнејќи го својот плен на теренот. Eau Fraîche е како него: инстантно препознатлив благодарение на неговото шишенце со нијанса на лимета и зеленото крокодилче. Ултра-свежиот лимонов сок пак, додава скоро леден тон на срцевината од лимончело. Придружен од дрвенести ноти и мошус, неговата ароматична основа ја најавува победничката точка во мажествена и модерна сензуалност.
L.12.12 Eau Fraîche двојката се впушта во весела игра на заведување!
Заедно, L.12.12 Eau Fraîche двојката се впушта во весела игра на заведување, водени од очигледната взаемна конекција. Тие не се натпреваруваат, тие се надополнуваат. Така и нивните мириси: едноставни, секојдневни, но сепак со елегантни ноти. Совршениот микс од енергија и свежина потребни во екот на летото, високата точка на играта кога температурата расте со секој одигран сет. Наместо да играат со топката, тие разменуваат страстни погледи на теренот – нивниот терен за игра не познава граници.