Брендовите за убавина KKW Beauty и KKW Fragrance на Kim Kardashian официјално се „мртви“! Сега, запознајте го SKKN by Kim – нејзиниот нов бренд за нега на кожа.
Kardashian сестрите и нивните бизнис потфати!
Сестрите Kardashian се познати по многу од нивните бизнис потфати. Сепак, како најуспешни во семејството се издвојуваат сестрите Kim Kardashian и Kylie Jenner. Од лансирањето на брендот Kylie Cosmetics во 2014 година, Kylie Jenner доминира на пазарот за убавина. Почетокот на линијата започна со мега популарните комплети со течен кармин и молив за усни – Kylie Lip-Kit, по кои многумина „полудеа“, а фактот дека сите производи веднаш се распродаваа, тоа гарантираше голем успех.
Брендовите KKW Beauty и KKW Fragrance во мирување!
По големиот успех на Kylie Cosmetics, Kim Kardashian во 2017 година се одлучи за покренување на сопствен бренд за убавина – KKW Beauty. Нејзиниот бренд подоцна се прошири и во индустријата за парфеми, но пред извесно време на официјалната веб-страница на KKW Beauty и KKW Fragrance бевме информирани дека брендовите се во мирување. Според информациите оваа состојба на мирување ќе доведе до целосно нов редизајниран концепт на брендовите.
Kim Kardashian лансира целосно нов бренд за убавина – SKKN by Kim
Сјајниот и подмладен тен сега започнува со SKKN by Kim, кој вклучува девет производи во својата линија. Преку визионерски ритуал за убавина, новите производи обезбедуваат нега, обновување и пријатно уживање. Девет производи создадени за кожата на секој поединец, односно главната премиса на брендот е да се премости јазот помеѓу „ефикасните“ скапи производи и ценовно прифатливите линии за нега на кожата за секој поединец.
View this post on Instagram
Причина за ребрендирањето е разводот на Kim со Kanye!
Ребрендирањето доаѓа по разводот на Kim Kardashian од познатиот рапер Kanye West. Односно, промената на естетиката и името на брендот од KKW Beauty (Kim Kardashian West) во SKKN by Kim, симболично означува нова ера на Kim Kardashian за која сите бјути ентузијасти се сигурни дека ќе го освои пазарот за убавина.
Производи достапни исклучиво онлајн!
Новата линија ќе биде достапна исклучиво преку официјалната веб-страница на SKKN by Kim.