- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Светски познатата атракција Kim Kardashian на многу необичен и само за неа својствен начин, го претстави нејзиниот парфем KKW Body.

Шишенце кое е обликувано по изгледот на светски познатите oблини!

После успешното лансирање на нејзиниот првенец, парфем во серија од три кристални шишиња: KKW Crystal Gardenia, очигледно преовладувало егото на новото дополнување.

Она што го прави уникатен овој мирис е формата на шишенцето кое е обликувано по изгледот на светски познатите oблини од голото тело на Kim Kardashian.

Самата Kim го потврди очигледното: „Тоа е скулптура на моето тело “

- Реклама -

За парфемот KKW Body!

Наркотичен еликсир кој во горните ноти нуди светол, енергичен бергамот, кој го обвиткува сочниот нектар од праска. Во срцето на мирисот, богатата светлина на јасмин sambac, се спојува со свежи акорди на роза. Ylang Ylang мирисните ноти придонесуваат за текстурата и длабочината на композицијата, до богата и луксузна база на мирисот изградена од кожни нијанси на дрво и мошус, кој го прави наркотичниот ефект со часови да биде присутен на вашата кожа.

Композицијата на мирисот KKW Body ја развија од парфемската куќа Givaudan, од каде тврдат дека за изработка на парфемот се користени состојки со висок квалитет од природни извори.

Стратегија за директна продажба!

Kim Kardashian ја лансираше својата линија на парфеми со стратегија за директна продажба од својата веб-страница: kkwfragrance.com