Живееме во време кога маникирот што го носиме е се само не досаден, а забележливо е отсуството од нуд и црвени стилови. Трендот на убави пастелни и живописни, па дури и неонски бои полека изминува, додека со доаѓањето на постудените месеци, подготвени сме да ги избоиме ноктите во загасити тонови на црвена и виолетова, па дури и во црна боја. Тука приказната за ефектни маникири сигурно не застанува, затоа што популарност уживаат уметничките нокти, а секоја сезона некои нови се наметнуваат како апсолутен хит, правејќи ги украсените и стилизирани нокти задолжителен моден додаток.
Мотиви на месечина, ѕвезди и вистински мали галаксии на ноктите!
И оваа сезона во маникирот имаме апсолутен фаворит, а тоа се мотиви на месечина, ѕвезди и вистински мали галаксии на ноктите. Трендот го популаризираа бројните салони за нокти во Америка и Северна Европа, така што нема да помине долго време овој тренд да завладее и кај нас. Ви предлагам да го испробате овој маникир со што ќе добиете многу удобен, но и волшебен стил за кој нема сомнение дека многу пријателки ќе ве прашаат од каде потекнува идејата и каде сте го направиле овој шармантен маникир.
Неколку предлози за овој хит маникир!
Во продолжение ви носам повеќе предлози за тоа како да го стилизирате овој хит маникир.