Покрај летното издание DKNY Be Delicious Summer Squeeze, Donna Karan лансира уште една верзија на оригиналниот DKNY Be Delicious од 2007 година. Со новиот Be Extra Delicious брендот Donna Karan започна нова сага за „Be Delicious“ девојката инспирирана од „Z“ генерацијата, прикажувајќи ги различните аспекти на нејзината личност преку мирисот со ограничено издание.
Заводлива мирисна комбинација со цветни и овошни ароми!
DKNY Be Extra Delicious е заводлива мирисна комбинација на цветни и овошни ароми, особено благодарение на вкусната арома на карамелата. Горните ноти од црна рибизла и круша го следат срцето со божур, гарденија и хелиотроп, поставени на основа од малини завиткани во слатки бонбони.
Donna Karan DKNY Be Extra Delicious е достапен во 50 мл како Eau de Toilette во ограничено издание.