Во #ОдбројувамеДоGiveaway ви го подаруваме женскиот парфем Marc Jacobs Daisy Dream кој е инспириран од бесконечното сино небо. Дарувањето го организираме заедно со креативната, инспиративната, атрактивната и шармантната Мартина Димоска позната како Marta Devilish девојка од соништата која со своето младешкото фантазирање го отелотворува Marc Jacobs Daisy Dream парфемот.

Daisy Dream плени со својата неверојатна овошна и цветна личност!

Marc Jacobs го лансира Daisy Dream како нова верзија на оригиналниот Daisy мирис. Daisy Dream е пософистицирана и етерична верзија на оригиналот. Композицијата тежнее да создаде „син ефект“, составен од необични цветни и овошни ароми на капини, круша, сина глицинија, јасмин и кокосова вода.

Од првите навестувања на капина, Daisy Dream ве привлекува со својот лесен шарм и неодолива женска мешавина на цвет од јасмин и сина глицинија па се до заносниот финиш на бело дрво. Мирисот е создаден од парфимерот Alberto Morillas во соработка со Ann Gottlieb и дизајнерот Marc Jacobs лично. Дизајнот на шишето отстапува од оригиналот, но декориран е со веќе познатите маргаритки.

- Реклама -

Убавина за сите Х Marc Jacobs Giveaway!

Ќе играме на Instagram профилот на @ubavinazasite, а сè што треба да направите за да учествувате во овој Giveaway е следново:

Следете ги Instagram профилите на @ubavinazasite и @marta_devilish

Кликнете лајк на објавата!

Во коментар, означете ја личноста што ја познавате и која би сакала да учествува во овој Giveaway. Може да коментирате повеќе пати сè додека означувате различна личност.

Убавина за сите Х Marc Jacobs Giveaway ќе трае до недела, 05 Јули во 12 часот напладне, кога по случаен избор ќе го одбереме и објавиме добитникот. Со среќа!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ubavina za site (@ubavinazasite) on