Постои само едно правило во YSL Beauté Underground Rouge клубот каде карминот на вашите усни е покана за влез. Без разлика дали станува збор за пријатен кадифен темноцрвен кармин или интензивен природен изглед со допир на чили црвена нијанса, усните мора да бидат обвиткани со кармин. За среќа, новата колекција на брендот YSL Beauté нуди огромен избор на мат кармини кои се многу повеќе од обичен кармин за усни. Тие се храбри! Моќни! Мат кармините на YSL Beauté едноставно доминираат!

Tatouage Couture Velvet Cream: Нов кармин за новата декада!

YSL Beauté го подготви првиот лесен и кадифен мат кармин кој ја комбинира технологијата на постојана боја со удобно чувство и дизајнерски потпис.

YSL Beauté го претстави Tatouage Couture Velvet Cream – течен мат кармин богат со пигменти, кој остава кремасто меко чувство на усните. Продолжувајќи го трендот на мат кармините, но без вообичаеното чувство на сушење на усните, Tatouage Couture Velvet Cream има мека кадифена и кремаста текстура која ви овозможува да ги обвиткате усните во кадифени нијанси. Уживајте во високото ниво на покривност во комбинација со максимална удобност на усните, кое дава чувство на мекост.

Технологија!

Кармин создаден со помош на еластомерот Velvet Touch за чувство на мекост, удобност и кадифен мат финиш. Кремастата база од емолиенси овозможува мека кремаста текстура, а технологијата на постојаност ја зачувува долготрајноста на бојата до пет часа.

- Реклама -

Пакување!

Со новиот поширок апликатор во облик на меко перниче можете да постигнете високо ниво на покривност на поголема површина, а елегантното дизајнирано мат црно капаче му го дава карактеристичниот изглед на Tatouage Couture Velvet Cream кармините.

Кампања!

Влеговте во луксузен клуб само за оние кои се разбираат во мат кармини. Со ладен и самоуверен поглед потпирајќи се на мат црвениот ѕид, стои Edie Campbell. Таа носи Tatouage Couture Velvet Cream во нијанса број 201 Rouge Tatouage. Со овој огнен темноцрвен мат кармин на усните Edie изгледа самоуверено и елегантно.

Подеднакво смела, Zoë Kravitz носи Tatouage Couture Velvet Cream во нијанса број 206 Club Bordeaux – драматично црвена која совршено ги надополнува нејзините крајно нагласени очи.

Тие се фотографирани од познатиот фотограф David Sims, а кампањата што тој ја осмисли истовремено е модерна и рафинирана.

Филм!

Клубот Tatouage и неговиот неонски црвен знак се тајниот сигнал за оние што се во тек. Тоа е место каде смелите девојки пред да им се придружат на другите ја тетовираат својата сурова убавина со мат кармини. Edie влегува самоуверено, избира Tatouage Couture Velvet Cream и целосно се предава на вештата рака на тату мајсторот. Но, при излегување се случува пресврт – таа нанесува кармин на неговите усни, оставајќи ја својата трага како апсолутна владетелка на мат кармините.

Овој брз и предизвикувачки филм во режија на Thomas Lachambre совршено го заокружува луксузниот underground изглед што го овозможува Tatouage Couture Velvet Cream.

YSL Tatouage Couture Velvet Cream 201
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 202
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 203
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 204
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 205
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 206
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 208
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 209
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 210
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 211
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 212
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 213 OS
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 214 OS
YSL Tatouage Couture Velvet Cream 216