Велнес-кралицата Gwyneth Paltrow уште еднаш се најде на удар на бјути експертите, овој пат поради својата рутина за нега на кожата и начинот на нанесување на СПФ крем на лицето, што ја сними за Vogue.

Советите на Gwyneth Paltrow се крајно необични!

Додека повеќето луѓе се свесни дека советите на Gwyneth Paltrow понекогаш се крајно необични и не секогаш треба да се следат, нејзиното реноме како една од највлијателните жени во велнес индустријата останува непроменето. Многу бјути експерти ги коментираат советите што ги даваше за разни производи или за начинот на живот, како што е советот за диета која помага во борбата против КОВИД-19 што беше критикуван од повеќето експерти.

Gwyneth Paltrow

Утринска рутина за нега на кожата – реакции!

Реакции имаше и за нејзината утринска рутина за нега на кожата што ја сними за Vogue. Освен што експертите велат дека манипулативно ги користи зборовите „clean beauty“, еден детал особено ги налути дерматолозите, а тоа е начинот на кој Gwyneth Paltrow нанесува крема со заштитен фактор. Актерката прво зборуваше за тоа колку е тешко да најде крем со заштитен фактор кој не е „токсичен“, а потоа го нанесе само на носот и под очите!

- Реклама -

Како исправно да го нанесете кремот со заштитен фактор?

Ве молам, не нанесувајте СПФ крем како хајлајтер! Кремот со заштитен фактор треба да биде клучен и темелен дел од сечија рутина за нега на кожата за секој што не сака предвремено да старее или да добие рак на кожата. Подобро е да претерате со овој производ отколку да нанесете премалку. Затоа, препорачувам да нанесете половина кафена лажичка СПФ крем и задолжително да го размачкате на лицето се додека не се апсорбира.

спф

На што уште реагираат бјути експертите на видеото на Gwyneth Paltrow

Она што на бјути експертите им пречеше во видеото на Gwyneth Paltrow е повторувањето на термините „токсични“, „без хемикалии“ и „чиста убавина“. Причина за тоа е фактот што многумина одредени брендови ги нарекуваат „clean beauty“ брендови, но без покритие. Официјално таква дефиниција не постои и затоа без аргументи одредени производи не можат да се дефинираат како „штетни“ или „токсични“.

Вистинска придобивка за вашата кожа на лицето е кога купувате производи што се добри и кои одговараат на вашиот тип на кожа!

- Реклама -