Негата на кожата дефинитивно се најде во центарот на вниманието оваа година. Во парфимериите производите за нега на кожата се меѓу најпродаваните производи. Но, една крема посебно се издвои помеѓу ентузијастите за убавина, а тоа е Bobbi Brown Vitamin Enriched Face Base. Иако овој крем е дел од импресивната линија за нега на Bobbi Brown уште од 2001 година, се чини дека култниот фаворит оваа година го достигна својот врв на популарноста.

Bobbi Brown Vitamin Enriched Face Base е хибрид за нега на кожата!

Овој Bobbi Brown крем можеби доаѓа во мало пакување, но затоа има голема моќ и мириса апсолутно божествено. За тоа се заслужни есенциите на грејпфрут и здравец содржани во овој крем. Важно е да се истакне дека ова не е обичен крем за лице, него многу повеќе. Bobbi Brown Vitamin Enriched Face Base е хибрид за нега на кожата. Се работи за моќна формула на прајмер за лице, која воедно е и хидратантна крема, а овозможува мазно нанесување на шминка. Богата, но најмалку мрсна, оваа напредна формула веднаш ја хидрира, омекнува и ја храни кожата на лицето. Комбинирајќи ја навлажнувачката моќ на shea путерот, измазнувачката моќ на хијалуронската киселина и придобивките на витамините Б, Ц и Е, ова е вистински мултипроизвод за нега на кожата без кој многу жени не можат да живеат кога еднаш ќе го испробаат.

Голем број жени потврдуваат дека привлечноста на овој чудесен производ не е само во прекрасната амбалажа, туку и во нејзиниот ефект. Според истражувањето спроведено од Clearpay, Bobbi Brown Vitamin Enriched Face Base официјално е еден од десетте најпопуларни производи за убавина оваа година. Имено, едно пакување од овој крем се продава секоја минута во светот. Bobbi Brown Vitamin Enriched Face Base е култен производ, еден од оние што се добри за сите типови на кожа, бидејќи не остава мрсен траг.

- Реклама -

Крем со својства против стареење на кожата!

Витаминот Ц со текот на годините стана еден од најпознатите состојки во производите за убавина, што е уште една причина зошто Face Base стана култен производ. Витаминот Ц е докажана состојка против стареење на кожата. Го стимулира производството на колаген и може да залечи оштетувања предизвикани од изложување на сонце и да ја намали видливоста на лузните. Покрај тоа, помага да се заштити кожата од штетните влијанија од околината. Овој производ прави чуда дури и под шминка.

Bobbi Brown Vitamin Enriched Eye Base крем за очи!

Покрај толку многу пофални зборови за кремот Bobbi Brown, не е изненадување што брендот го претстави својот најнов додаток во колекцијата Vitamin Rich. Станува збор за Bobbi Brown Vitamin Enriched Eye Base. Иако сеуште е релативно нов производ на сцената, овој крем за очи веќе собра голем број на рецензии со пет ѕвезди.

Каде може да ги набавите?

Bobbi Brown Vitamin Enriched кремите можете да ги набавите во Анабела Мериот парфимеријата.