- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

На полиците во Sephora има нов мејкап бренд кој ги воодушеви Instagram и Tik Tok мејкап ентузијастите. Ако и вие ги обожавате корејските К-Beаuty производи за нега на кожа, сигурно ќе посакате да ги пробате мејкап производите од брендот Kaja Beauty.

Каја Beauty нуди забавни мејкап производи кои не само се компактни и лесни за употреба, туку се инспирирани од уникатните иновации на корејската козметика.

Каја на корејски значи – Ајде да одиме! Го избравме ова име затоа што сакаме нашиот бренд да создава чувството на енергична возбуда, а нашите производи да одат таму каде што ве носи фантазијата.“ – велат од Каја Beаuty.

Бјути ентузијастите ги издвоија најпопуларните мејкап производи од брендот Kaja кои во продолжение ви ги претставувам.

- Реклама -

Beauty Bento Bouncy Shimmer Eyeshadow Trio

Совршен мејкап производ кога не можете да се одлучите само за една боја! Комплет од три сенки за очи во уникатно и компактно пакување. Постои избор на сенки со различни финиши, од светкави до мат. Кај некои комплети сите сенки се светкави, додека други содржат комбинација на светкави и мат нијанси. Боите се движат од златни и корални до нуд-кафени и розово-виолетови нијанси. Формулата обезбедува лесно и рамномерно нанесување на светките со врвовите на прстите, што ги прави совршени за брз и лесен мејкап изглед на очите.

Wing Eyeliner Stamp & Pen

Сите сакаме мејкап изглед со заводливи мачкини очи, но понекогаш може да биде предизвик да се создаде совршен мачкест изглед. Дуото од печат и туш за очи е совршен погодок за креирање на прецизни мачкини очи! Треба само да нанесете печат на левиот и десниот надворешен агол од окото и да ги поврзете со туш за очи. Ќе добиете убаво, уредно и избалансирано мачкино око за само неколку секунди. Формулата е водоотпорна и не се размачкува, а вашиот мејкап изглед ќе трае цел ден.

Joystick Brightening Undereye Setting Powder

Лесна, ултра транспарентна, свиленкаста пудра за фиксирање и осветлување на пределот под очите. Уникатното пакување е инспирирано од џојстик, а производот доаѓа со вградена четка за апликација. Пудрата за фиксирање доаѓа во две нијанси од кои едната е традиционална банана нијанса наменета за средни до темни тонови на лицето, а розовата нијанса е за посветли тонови на кожата.

Heart Melter Lip Gloss Stick

Супер слатки сјаеви за усни во форма на пенкало со облик на срце што го нудат најдоброто: ги омекнуваат и смируваат усните со масла од арган и семе од слива, а притоа даваат сјајна боја. Нијансите на овие слатки сјаеви се движат од црвени до светло розови.

Cheeky Stamp Blendable Blush & Glowy Stamp Highlighter

Компактната кутија содржи сунѓер кој е натопен во формула на руменило или хајлајтер. Апликаторот за руменило е во форма на срце, а апликаторот за хајлајтерот е во форма на полумесечина. Многу лесно се нанесува и блендира, давајќи природен сјај на кожата. Само завртете го горниот дел за да го ослободите апликаторот, а потоа потопете го во производот и нанесете го на образите. За да се изблендира лесно тапкајте со врвовите од прстите.

Roller Glow Roll-on Highlighting Balm

Хајлајтер кој е забавен и исклучително лесен за употреба и многу ефектно ја рефлектира светлината! Доаѓа во розово-бисерна нијанса со златен подтон. Мазната и кремаста текстура во допир со кожата се претвора во лесна пудра во прав, обезбедувајќи сјај на кожата. Во својата формула содржи рубин во прав, кој се рефлектира од златен до розово-златен подтон, во зависност од аголот на светлината. Уникатниот апликатор во форма на валјак е дизајниран да даде мултидимензионален и ултра рефлектирачки финиш.

Air Heart Lightweight Natural Finish Lipstick

Кармини во облик на срце со формула која на усните им дава богата боја и се чувствуваат ултра лесно и природно. Во својата формула содржат екстракт од роза која ги хидрира усните додека го носите карминот. Достапни се во 7 прекрасни нијанси.