- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Повторно откријте ги Invictus и Olympéa од брендот Paco Rabanne преку новите лимитирани изданија инспирирани од полускапоцениот камен оникс. Кај ова парфемско дуо, црниот оникс означува „апсолутна моќ и божествена енергија“. Машкото и женското издание ќе бидат достапни на полиците во парфимериите од февруари 2020 година.

Invictus Onyx Collector Edition

Препознатливото шише во форма на пехар сега доаѓа во кутија од црн метал. Шишето во црна боја со ефект на испукан мермер преку кој продира сребрена боја. Мирисот е свеж и дрвенест со морски ноти и акорди на дрвото guaiac и килибар.

Paco Rabanne Invictus Onyx ќе биде достапен во 100 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -

Olympéa Onyx Collector Edition

Шишенцето на парфемот Olympéa е украсено со ефекти на полиран мермер и бакар на капачето. Мирисот претставува „женственост со различно зрачење, помеѓу длабочината и светлината“. Јасмин и ѓумбир се обвиени со ноти на солена ванила и создаваат свеж, слатко-солен ориентален мирис.

Paco Rabanne Olympéa Onyx ќе биде достапен во 80 мл, како Eau de Parfum.