дома Блог Страна 156

Ултра-концентрирани течни хајлајтери, Lancôme Custom Glow Drops

Светскиот лидер за мејкап производи, брендот Lancôme го објави лансирањето на сосема новите, ултра-концентрирани течни хајлајтери, наречени Lancôme Custom Glow Drops.

Природна текстура и суптилен сјај!

Достапни во четири нијанси, дизајнирани за да ви помогнат да го прилагодите вашиот тен, давајќи му извонредна природна текстура и суптилен сјај.

Бисерни пигменти за прекрасен сјај!

Лесната течна формула, збогатена со бисерни пигменти, се вклопува беспрекорно на вашето лице добивајќи прекрасен сјај.

Можете да ги користите самостојно за стробинг (блескање), техника на шминкање за да го истакнете до максимум здравиот сјај на одредени делови на лицето или да ги изблендирате со вашата омилена течна пудра за изглед со сјај како втора кожа.

 

 

Со емулзијата може да постигнете изглед со сјај како течен метал до бронзен финиш на вашето лице. Колку повеќе капки ќе додадете толку повеќе осветлување ќе добиете!

 

 

 

- Реклама -

Анабела: -30% на Armani Sun di Gioia и Air di Gioia

Женските парфеми од брендот Armani, Sun di Gioia и Air di Gioia во Анабела парфимериите може да ги пронајдете со промотивна намалена цена од -30%.

- Реклама -

Трепки со супер луксузен изглед? Max Factor Lash Crown маскара

Max Factor лансира иновативна маскара Lash Crown, која го нуди искуството на трансформација на Вашите трепки. Дизајнирана со иновативна четка која има форма на круна и нуди издолжување на трепките за супер, луксузен изглед.

Постигнете дефинирани и издолжени трепки од коренот до врвовите со едно брзо нанесување.

Max Factor им нуди на сите жени алатка со која може да креираат должина, дефиниција и волумен со новата иновација во нанесувањето со што ќе добијат круна од впечатливи трепки. Max Factor Lash Crown маскарата е дизајнирана за да постигне совршено симетрични трепки.

- Реклама -

Boss The Scent for Her Eau de Toilette: Новото издание на популарниот женски мирис

По Boss The Scent for Her од 2016 година и Boss The Scent for Her Intense од 2017, во февруари 2018 брендот Hugo Boss ќе ја претстави новата верзија, Boss The Scent for Her Eau de Toilette. Новото издание на популарната женска линија на мириси е блескава и освежувачка верзија на оригиналот.

Заводлив дух за одлично пролетно расположение!

Со овој неверојатен женски мирис, таа ја прифаќа нејзината нежна и сензуална страна. Boss The Scent for Her Eau de Toilette во себе го има задржано заводливиот дух на оригиналниот Eau de Parfum, во одлично пролетно расположение.

Мирисната композиција започнува со свежите ноти на зелена мандарина и розовиот бибер, кои се додадени на оригиналните акорди. Срцето на мирисот покрај османтусот е збогатено со ноти на цветот од портокал, а базата останува верна на оригиналот со ноти на печено какао.

Мирисот е преставен преку заштитното лице Anna Ewers.

Достапен ќе биде во 30, 50 и 100ml Eau de Toilette.

 

- Реклама -

Ново свежо толкување на легендарниот La Vie est Belle

Во 2017 година Lancôme го лансира La Vie Est Belle L’eclat Eau de Parfum како свежо и цветно толкување на оригиналниот и сладок La Vie Est Belle од 2012 година.

Според најновите информации во 2018 година Lancôme ќе ја промовира својата нова верзија La Vie Est Belle eclat L’Eau de Toilette.

Мирис на среќата и слободата!

Како и Eau de Parfum изданието, новиот La Vie Est Belle L’eclat, навестен е како блескав мирис со свежо ориентални, цветни композиции што претставува мирис на среќата и слободата. Новата верзија е надградена со дополнителни цитрусни ноти и акорди на розов бибер, чај и нероли.

Како топ ноти во парфемот доминираат бергамот, грејпфрутот, мандарината, розовиот бибер и мирисот на чај. Во срцето на парфемот доминираат мирисните акорди на цветот од портокал, нероли, јасмин и розата од Турција. Базата на парфемот ја сочинуваат ирисот, пачулито и мошусот.

 

Шишето од рефлексно стакло е потпишано од дизајнерите Maison Pochet и Catherine Krunas. Lancôme La Vie est Belle L’Eclat L’Eau de Toilette ќе биде достапен како 50 и 75 мл.

- Реклама -

Космо: -28% промоција на L’Oreal маскара

Космо Тинекс парфимерии ви нуди – 28% промоција на L’Oreal  False Lash superstar x-fiber маскара за постигнување на ефект на вештачки трепки.

Сега маскарата може да ја набавите за само 630 денари.

- Реклама -

Ароматичен афродизијак: Versace Oud Oriental и Oud Noir

Брендот Versace има ориентална мирисна приказна чии главни актери се Oud Oriental за жени и Oud Noir за мажи. Versace ги соединува машкиот и женскиот мирис преку интензивен и афродизијачки мирисен потпис на кожа и таканареченото “течно злато” или Оуд масло, кое е смола од агарово дрво.

Креаторите на овие мириси се базираа на интензивните дрвенести ноти, допрени со опојни женствени цветови во комбинација со зачини и силна трага на кожа со цел да се донесе мистиката на Блискиот Исток.

Versace Pour Femme Oud Oriental е женствена мирисна приказна од Ориентот, сончана, луксузна, згодна и сензуална. Раскошната мирисна композиција се отвора со ориентални ноти на роза, која е истакната со шафранот и фрезијата. Срцето на мирисот е пудресто, женствено и меко од пачулито, кое ги наследи интензивните ноти на оудот и кожата преплетени со крем од ванила и сандаловина. Versace го истакнува трендот на златната боја во новото шише, кое е со препознатлива форма, потполно покриено со златна боја.

Versace Pour Homme Oud Noir лансиран е како опозит на женскиот мирис. Тоа е мирис за мажи, за сите љубители на ориентални мириси, за мажи со силна личност. Тој има интензивна мирисна композиција, зачинета со мирисот на кожата, испреплетени со нотите на оудот и зачинети со горчлив портокал, нероли и црн бибер.

- Реклама -

L’Absolu Roses! Lancome колекција во розови нијанси

Lancome L’Absolu Roses е колекција во розови нијанси за усни и лакови за нокти.

Lancome ја слави радоста на живеењето преку розовата експлозија на усните и ноктите. Станува збор за колекција од сјаеви, моливи за усни и лакови за нокти во розови нијанси, за креативна употреба со многу забава.

Нанесувањето на шминка не е само ритуал на убавина, туку и исклучителен момент во кој со радост се посветувате себеси.

Најновиот иновативен производ за усни L’Absolu Gloss, со 14 нијанси со проѕирен, кремаст или мат финиш кој го надополнува извонредно широкиот избор на постоечките 42 нијанси на кармини за усни L’Absolu Rouge.

Тука се и 8 нови бои на моливот за усни Le Lip Liner, како и 14 нови нијанси на лаковите за нокти Le Vernis во освежителни светли и впечатливи бои.

L’Absolu Roses е совршена колекција за креирање персонализиран “lip art” изглед со мешање на боите, секогаш елегантен, никогаш предвидлив.

- Реклама -

Еликсир: Garage Sale во Рамстор со попуст до -70%

Еликсир традиционално и оваа година најавува голем попуст:

Garage Sale во Рамстор Скопје од 06 до 11 февруари во парфимеријата Еликсир со попусти до -70%

“Правиме чистка, вадиме се надвор!”

- Реклама -

Анабела: -20% поуст на необичниот Moschino Fresh Couture

Необичниот Moschino Fresh Couture во Анабела парфимериите може да го пронајдете со -20% попуст.

Moschino Fresh Couture EDT 30мл сега може да го набавите за 1576 денари, додека EDT 50мл за 2264 денари.

- Реклама -

Најнови објави