Секоја жена во плакарот има барем еден омилен бел летен фустан, а некаде во задниот дел на вашиот плакар мора да имате барем една бела кошула за во лето, која ја облекувате преку костумот за капење, затоа што белата боја е создадена за во лето. Кога зборуваме за белата боја не мислиме само на облеката, туку и за модните додатоци како што се бисерниот ѓердан или белата кожна ташна. Белата боја успеа да биде многу посакувана нијанса во светот на убавината и затоа има прекрасен маникир и педикир со бел лак за нокти. Белата доволно е суптилна за да се смета за неутрална, а сепак доволно интензивна за да се направат маникири кои навистина ќе бидат забележани од околината. Не смееме да заборавиме дека белиот лак за нокти одговара на сите тонови на кожа и подеднакво убаво изгледа на нокти со било која должина и форма.
Белиот лак за нокти мора да биде со добар квалитет!
Секој што некогаш носел бел лак за нокти знае колку може да биде проблематичен. Ако неговата текстура е премногу ретка треба да нанесете неколку слоеви за да добиете интензивна боја. Од друга страна, ако е премногу густ и премногу интензивен, тогаш вашите нокти изгледаат како да сте ги налакирале со коректор. За полесно да ја пронајдете златната средина, ви нудам неколку предлози од експерти во врска со нивните омилени бели лакови за нокти. Од целосна покривност до нежни бели класици. Во продолжение можете да најдете бели лакови за нокти кои дефинитивно нема да ве разочараат. Сметајте ги за беспрекорно добра инвестиција за да го заокружите летниот стајлинг.