Летото секогаш посакуваме да го зачиниме со некое мирисно задоволство, а ако барате совршен мирис кој ќе издржи на високите температури, а во исто време прекрасно ќе мириса на кожата, ви нудам одлично решение. Женскиот парфем Acqua di Gioia беше претставен во 2010 година и набрзо прерасна во еден од најпопуларните мириси. Не е ни чудо, бидејќи малото шишенце содржи прекрасни ноти кои потсетуваат на бегство кон природата, одмор на море, „полнење на батериите“ и враќање на природната рамнотежа.
За ова лето брендот Giorgio Armani подготви нешто навистина посебно – Light di Gioia.
Приказна за среќа во жешките летни денови!
Овој мирис се нарекува ново поглавје на приказната на радоста и ќе биде фантастично освежување за жешките летни денови. Достапен во парфимериите, зрачи со ноти од бергамот, јасмин, гарденија и бел мошус. Light di Gioia е нов дрвенесто-цветен мирис кој е инспириран од една интересна „појава“. Се работи за т.н. „golden hour“, или „златен час“, тоа е дел од денот кога сонцето најмногу сјае, а поклониците на добрата фотографија најдобро знаат во кој дел од денот настануваат прекрасни фотографии облеани со сончеви зраци.
Ви откривам едноставен трик кој ќе ви помогне мирисот да трае подолго!
За новиот Light di Gioia се вели дека е мирис создаден за природни и позитивни жени кои зрачат и кои се поврзуваат со внатрешната природа за да заблеснат. За вас откривам вреден совет кој секогаш треба да го практикувате за да направите мирисот да трае подолго: парфемот не треба да го триете со дланките по нанесувањето, доволно е да го нанесете на рачниот зглоб, внатрешноста на лактот и вратот!
Сега сте подготвени!