Новиот J’Adore Absolu ќе биде достапен од Октомври 2018 година и претставува ново издание на мирисната колекција J’Adore од Dior.
Мирисната композиција на оригиналниот J’Adore беше создадена од Calice Becker во 1999 година. Со текот на годините, мирисот доживеа многу изданија, вклучувајќи ги J’Adore L’Absolu од 2007 година и J’Adore L’Absolu од 2012 година.
J’Adore мирисната колекција вклучува: “вибрантен и сензуален” – Eau de Parfum, “цветен и сјаен” – Eau de Toilette (2016), “скапоцен и ориентален” – L’Or (2017), “младешки и сончев” – In Joy (2017) и новиот “одличен и раскошен ” – Absolu.
François Demachy создаде ода на екстракти од цвеќиња!
Парфимерот François Demachy ја создаде новата верзија како ода на екстракти од цвеќиња на раскошен начин, нагласувајќи го апсолут јасминот од Gras со сите негови аспекти – сензуален, анималистички, овошен и сончев – завиткан во ноти од мед, цвет од портокал, роза и зелени акорди на магнолија.
Charlize Theron – заштитно лице на парфемот!
Заедно со новиот парфем, во Октомври ќе биде промовирана новата рекламна кампања за J’Adore со актерката Charlize Theron како заштитно лице на парфемот.
J’Adore Absolu ќе биде достапен во 50 и 75 мл, како Eau de Parfum Absolu.