Jimmy Choo Floral Eau de Toilette ќе биде лансиран во пресрет на пролетта 2019 година како суптилен и живописен, цветно-овошен мирис. Шишенцето го следи изданието Jimmy Choo L’Eau од 2016 година, но кај новиот Jimmy Choo Floral е издолжено во однос на претходната парфемска линија. Шишенцето е инспирирано од венецијанското Murano стакло.
Префинет, свеж и блескав мирис!
Jimmy Choo Floral ја претставува убавината, самодовербата и енергијата на една жена, а новиот Floral е опишан како префинет, свеж и блескав мирис. Мирисната композиција е замислена како мешавина на свежо овошје, лисја, цветови како што е магнолијата и лесни дрвенести ноти и мошус. Мирисната креација е потпишана од парфимерката Louise Turner.
Мирисот Jimmy Choo Floral ќе биде достапен во 40, 60 и 90 мл, како Eau de Toilette.