Секоја сезона, сведоци сме на ново поместување на границите во маникирот, започнувајќи од материјалите кои се користат за уредување и украсување на ноктите, преку боите до налепниците за нокти кои привлекоа големо внимание кога се појавија како дел од ефектните тренди маникири.
Ноктите веќе не мора да бидат исклучиво нуд или црвени, се повеќе се напушта зоната на удобност и се експериментира со различни стилови кои вашите нокти ги претвораат во моден додаток. Вистински моден додаток и освежување на вашиот стил, несомнено ќе биде маникир инспириран од уметнички карактеристични мотиви.
Picasso маникир!
Овој маникир како микро тренд започна да се појавува минатата сезона, а сега ја има својата кулминација, така што верувам дека со нетрпение очекувате сами да го испробате. Picasso маникирот е инспириран од култните уметнички дела на овој славен сликар и колку и да се посебни неговите мотиви на лица, направени со тенка четка и малку апстрактни потези со црна или црвена боја, овој маникир може да го класифицираме во доменот на современиот минимализам. Малку инспирација за маникир во стилот на Pablo Picasso, кој комбинира нуд, бела или целосно транспарентна основа на ноктите со уметнички илустрации во контрастна црна или црвена, ви нудам во продолжение.