- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новото мирисно издание на познатиот бренд Tous ве носи во нова авантура! Tous Man Chill е креација на парфимерката Véronique Nyberg која зрачи со досега невидени ароматично-овошни акпекти.

Tous Man Chill package

Оаза на свежина доживеана од Tous мажите!

Чувството на слобода и уживање на свеж воздух е суштината на новиот Tous парфем. Бегство на плажа, авантура, прошетка по крововите на најголемите космополитски градови… Tous Man Chill претставува оаза на свежина доживеана од Tous мажите, мирис кој ве поканува да се чувствувате слободни и да уживате на отворено.

Tous Man Chill visual

Најдобриот избор на друштво за неговите авантури!

Распоредот на Tous мажот е комплициран и густ ама секогаш постои малку место за спонтан план. Кој е најдобриот избор на друштво за неговите авантури? Тој самиот, со слободниот дух и секој кој го дели неговото воодушевување и ужива во секој момент, правејќи го возбудлив и освежувачки.

- Реклама -

fragrance on hand

Миризлив коктел за да го почувствувате освежувачкиот студ на кожата!

Нема ништо поубаво од уживање на сонцето со Tous Man Chill. Новата тоалетна вода е како миризлив коктел со цел да го почувствувате освежувачкиот студ на вашата кожа. Започнува со егзотичен допир на лимета, проследен со тропска нота на кардамон заедно со зачински црн бибер. Продолжува со ароматични ноти на лаванда и рузмарин посипани со мускатно оревче. Завршува со карактеристичните ноти на пачули, ветивер, сушено дрво и килибар.

Tous Man Chill ingredients