Giorgio Armani го претстави Acqua di Gio Eau de Parfum, новата интерпретација на култниот мирис Acqua di Gio Eau de Toilette од 1996 година.
Моќта на морето заробена во шише!
Acqua di Giò Eau de Parfum е исто толку модерен, колку што е луксузен и импресионира со фантастично свежа композиција, инспирирана од пространоста на морето и хоризонтот.
View this post on Instagram
Како вечна икона, Giorgio Armani го претстави новото издание со бесконечна моќ на морето заробено во шише, направен со посветеност кон планетата. Тоа е еколошки осмислен и креиран мирис кој е создаден од одговорно добиени состојки. Повторно создаден за иднината, со префинето шише кое може да се надополнува и претставува одраз на посветеноста на Giorgio Armani да го намали испуштањето на јаглероден отпечаток.
Бескрајна свежина!
Ода на моќта на природата со која откривате спокоен и сензуален мирис! Потопете ги вашите сетила во бесконечноста на морето. Новата интерпретација на иконската тоалетна вода на Armani, сега како парфемска вода, доаѓа со водени ноти засилени со зелена мандарина од Италија. Во срцето, ароматичните и цветни ноти се спојуваат кога лавандата и жалфија ќе се сретнат со мирисот на здравец. Парфемот завршува со интензитет на хаитски ветивер и зачински пачули од Гватемала, состојки добиени од одржливо одгледување.
Дизајниран да трае!
Дизајнот е одржлив благодарение на транспарентното шише, кое е украсено со темно дрвено капаче и лесно може да се дополни со посебно достапно полнење. Елегантен и рафиниран, новиот дизајн овозможува мирисот без напор да се преточи во оригиналното шише без да се изгуби ниту една капка. Acqua di Gio Eau de Parfum е достапен во шишенца од 40, 75 и 125 мл и надополнување од 150 мл.
View this post on Instagram
Модерен класик!
Мешајќи ја зелената мандарина, чистото срце од жалфија и есенцијата на пачули, новиот мирис опфаќа сензуално мирисно искуство, откривајќи спокоен и сензуален мирис!