Во последниве 18 години, мејкап брендот Deborah Milano има соработувано со многу италијански и интернационални уметници, дизајнирајќи мејкап предмети кои го привлекуваат вниманието на целиот свет: шминка која комбинира супериорни перформанси со култни оригинални пакувања.
Во 2018 година во понудата е уште една уникатна мејкап колекција, овој пат инспирирана од сликовитите прикази на Keith Haring, уметник кој е симбол на уличната култура која го слави Њујорк од 80тите години на 20 век. Колекцијата Keith Haring Design, оддава почит на овој уметник кој се здоби со популарност во светот на поп-арт уметничките дела и графити кои се изложени насекаде, од метро станици до гламурозни уметнички галерии, како дел од бројни изложби и ретроспективи.
Неговите стилизирани фигури и интензивно обоени форми искористени се за класичните производи на брендот Deborah, но исто така и за ексклузивни мејкап новитети кои ги следат најновите трендови за пролет/лето сезоната, како што се Il Rossetto кармин, маскара 24Ore Absolute Volume, 24Ore молив за очи, кајал молив, 2in1 кајал eyeliner гел молив, 24Ore водоотпорен молив за очи и луксузно специјално издание на Trio Contour палета и Trio Blush палета. Овие мали ремек-дела се вистински колекционерски предмети.
Il Rossetto кармин!
Збогатен со витамини А, Ц и Е, мека и кремаста текстура на култниот Il Rossetto кармин идеално ги навлажнува усните и им дава прекрасен блескав изглед. Карминот е украсен со култните цртежи на Keith Haring. Достапен е во четири ексклузивни нијанси, карминот содржи UVA и UVB филтри.
24Ore Absolute Volume маскара!
Долготрајна маскара за ултра волумен на трепките. Макси четката идеално ги одвојува трепките, давајќи им феноменален волумен. Достапна е во екстра црна нијанса.
24Ore молив за очи!
Неверојатно мек и лесен за употреба црн молив за очи. Прецизно ја дефинира линијата на трепките и обезбедува долготрајна, беспрекорна боја.
Кајал молив!
Совршено мек молив за очи за катран црна линија. Моливот безбедно е да се нанесува на внатрешните и надворешните рабови на окото.
2in1 Кајал & Eyeliner гел молив!
Молив за очи со гел ефект долготрајно го интензивира погледот. Изгледа свежо нанесен и до 16 часа, кога се користи како eyeliner и дури 8 часа кога се користи како кајал. Луксузната кремаста формула е богата со пигменти кои се безбедни за употреба во внатрешните и надворешните рабови на окото. Тој е водоотпорен и отпорен на отсликување.
24Ore Водоотпорен молив за очи!
Автоматски молив на извлекување има свиленкаста мазна текстура и формула богата со пигменти и силиконска смола. Исцртува интензивна, долготрајна боја која беспрекорно ги дефинира очите без да се размачкува.
Trio Contour!
Три мат пудри за професионално контурирање во три едноставни чекори: обликување, блендирање и истакнување , од најтемна нијанса до најсветла. Пудрата е украсена со култните цртежи на Keith Haring.
Trio Blush!
Три руменила за природен блескав тен и свеж пролетен изглед. Секоја сенка може да се користи самостојно, или може да се комбинираат за тренди руменило на образите. Руменилата се украсени со култните цртежи на Keith Haring.