Кога станува збор за La Mer, во секој аспект од целата рутина што опфаќа нега на кожа претставува посебно искуство за вашето лице. Од текстурите на производите кои се икони во оваа област, до тоа како се чувствуваат на кожата. Сите се направени да бидат неповторливи задоволства и да го донесат тој здрав изглед кој е препознатлив за La Mer.
Искуство кое нема да го заборавите! The Replenishing Oil Exfoliator
Со ваква филозофија, La Mer со огромно воодушевување го претстави The Replenishing Oil Exfoliator. Тоа е мултидимензионален пилинг за лице кој нежно ги отстранува нечистотиите и ја надополнува кожата, носејќи сосема ново искуство за корисникот.
Сосема ново искуство кое се трансформира!
Подобрената текстура на The Replenishing Oil Exfoliator е сосема ново искуство, не наликува на ништо што досега сте пробале. Искуството почнува со допир на полутврдо гелирано масло во прекрасна златна нијанса, а потоа се трансформира во течно свиленкасто масло кое се топи на кожата.
Со едно измивање на лицето, формулата се трансформира уште еднаш во луксузно масло со кремаста текстура. Сè што треба да направите е да ја исплакнете формулата, за да ја почувствувате кожата мека, мазна и во добра форма.
Скапоцена формула – легендарнaта Miracle Broth!
Во срцето на The Replenishing Oil Exfoliator се наоѓа легендарнaта Miracle Broth формула, со масла кои ја надополнуваат кожата и прават да биде балансирана, здрава и мазна. Тоа е мешавина од природни пилинзи, шеќерни кристали и морска сол кои на нежен начин помагаат да се подобри површинскиот слој на кожата, правејќи го тенот мек и рафиниран.
Детоксикација на кожата со природните морски влакна!
Природните морски влакна помагаат во детоксикација на кожата, а уникатната состојка за обелување и надополнување на кожата, заедно со витаминот Ц помага кожата да стане прозрачна и да изгледа здраво.
Како се користи?
Нежно се масира на чиста кожа, избегнувајќи ја областа околу очите. Се додава вода за да се растворат природните кристали за ексфолијација и да се трансформира текстурата во кремасто масло. Се измива со топла вода и се остава да се исуши. Се користи 4 пати во текот на една недела.
За поенергично чистење на кожата, се нанесува на сува кожа со суви раце. За понежно чистење, се нанесува на малку навлажнета кожа.
После ваков третман, кожата ќе биде мека и обновена.