- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нова филозофија за нега на кожа развиена од Hailey Bieber

Во светот на козметиката се појавуваат се повеќе брендови за нега на кожа, основани од познати личности, а еден од нив е Rhode Skin на Hailey Bieber.

Kожата на Hailey Bieber секогаш изгледа неверојатно, без разлика дали е со шминка за црвениот тепих или без шминка на фотографиите од папараците. За среќа, конечно може да престанеме да се прашуваме како таа го одржува нејзиниот тен, да изгледа чист и сјаен, затоа што нејзиниот долгоочекуван бренд за нега на кожа, конечно пристигна.

Rhode Skin Hailey Bieber Collection

Hailey ги откри своите тајни за сјајна кожа со нејзината нова линија за убавина!

Брендот Rhode Skin е создаден за да обезбеди достапни, луксузни производи кои обезбедуваат нежна и ефикасна нега на кожата. Формулите ја негуваат кожната бариера, кои веднаш даваат росна кожа, а истовремено го подобруваат нејзиниот изглед со текот на времето.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rhode skin (@rhode)

Моето патување кон поздрава кожа ме инспирираше да развијам производи кои навистина функционираат на начин кој е достапен за секого. Rhode Skin е посветен на правење производи базирани на наука и напредни формули. Се надевам дека овие производи ќе станат дел од вашата рутина за убавина, да ви бидат омилени придружници на патувањата, да ја подобрат вашата кожа со текот на времето и да ја одржуваат кожата среќна и хидрирана“ – вели Hailey Bieber.

Rhode Skin Hailey Bieber Collection

Hailey го формулираше составот на Rhode Skin со сертифицираниот дерматолог Dhaval Bhanusali и козметичкиот хемичар Ron Robinson. Заедно, создадоа богата формула за хидратација, регенерација и смирување на кожата.

Сакавме да обезбедиме максимални придобивки, а сепак погодни за сите типови на кожа“ – вели Dhaval Bhanusali.

Веганските производи без глутен се дизајнирани да одговараат на сите типови на кожа и наменети се за употреба на сите, како што вели најновата објава на Hailey Bieber на Инстаграм – „сите се добредојдени овде“.

Rhode Skin Hailey Bieber Collection

Производите се погодни за младите девојки, а амбалажата е со мазно сиво пакување со ергономски заоблени страни. Колекцијата Rhode Skin вклучува три производи!

Rhode Skin Collection

Peptide Glazing Fluid

Пептидниот флуид за измазнување на кожата е тајната на Hailey Bieber за блескава и сјајна кожа. Тоа е флуид-серум што брзо се апсорбира, кој видливо ја храни и хидрира кожата, за да ја поддржи здравата кожна бариера. Содржи marula масло кое е богато со масни киселини кои помагаат во омекнување на бариерата на кожата, ниацинамид и хијалуронска киселина.

Rhode Skin Peptide Glazing Fluid

Rhode Skin Peptide Glazing Fluid

Barrier Restore Cream

Крем за обновување на кожната бариера. Тоа е богат, но лесен хидратантен крем за удобност, смирување и обновување на бариерата на кожата. Со својот антиоксидативен пептиден комплекс обезбедува хидрирана, помазна, помека кожа со текот на времето.

Rhode Skin Barrier Restore Cream

Rhode Skin Barrier Restore Cream

Peptide Lip Treatment

Тоа е третман за обновување на усните за природно полни и меки усни – дење или ноќе. Оваа фантастична формула им дава сјај на усните и ја штити и негува сувата кожа одвнатре. Има 3 вкусови –  лубеница, солена карамела и без мирис.

Rhode Skin Peptide Lip Treatment

Rhode Skin Peptide Lip Treatment

Повеќе информации можете да пронајдете на официјалната веб-страница на Rhode Skin.

Rhode Skin Collection