Тајната на речиси секој беспрекорен мејкап изглед, без разлика дали се работи за едноставен и минимален или гламурозен и драматичен изглед, лежи на самиот почеток – во подлогата. Со цел да ги прикриете сите мали несовршености и да создадете изедначен тен, секогаш ќе посегнете за омиленото моќно дуо – пудрата и коректорот.
Комбинирани заедно, пудрата и коректорот секогаш се наоѓаат високо на листата на омилени производи во рамките на вашата мејкап колекција и секојдневната рутина за убавина. Освен како мејкап комбинација која носи не само изедначен тен, туку и доза на самодоверба, спојот на пудра и коректор во исто време се истакнува како мејкап комбинација која ја носи најголемата бјути дилема – кој производ прво да се нанесе?
Што да нанесете прво – Пудра или коректор?
Секоја мејкап рутина започнува со пудра и коректор, а прашањето што секогаш се наметнува е кој од двата мејкап производи се нанесува прв. Дали постои еден точен одговор? Без разлика дали ќе одлучите да побарате совет во разговор со вашата најдобра пријателка или со вашиот мејкап артист, секогаш ќе наидете на поделени мислења. Додека некои силно ќе заговараат примена на пудра пред коректор, други коректорот секогаш ќе го нанесуваат прво. И двата избори имаат свои предности, но и недостатоците што ќе ги наведам подолу за секој да може да го најде својот совршен избор според ефектот што го очекува и лошите страни што ќе се обидете да ги избегнете.
Пудра пред коректор!
Огромното мнозинство на шминкери ќе се согласат дека секогаш подобро е прво да се нанеси пудра, а потоа сите видливи несовршености и недостатоци да се прикријат со коректор. На овој начин покрај тоа што го нанесуваме коректорот само на областите каде што всушност во тој момент ни треба, истовремено ќе избегнете „лизгање“ на коректорот од подрачјето на проблемот при нанесување на пудрата. Кога го бранат својот аргумент, љубителите на пудра пред коректор секогаш ќе истакнат дека почетокот на секој мејкап изглед е добрата база или foundation, што воедно е збор што на англиски јазик се користи за течна пудра.
Кога да нанесете пудра пред коректор? Ако сакате да создадете ефект на беспрекорен тен со пудра со голема покривна моќ и full мејкап, пудра пред коректор може да биде подобар избор за вас.
Коректор пред пудра!
Од другата страна на истата бјути дилема, се наоѓаат сите поборници за примена на коректор пред пудра. Додека оние што се залагаат за примена на пудра пред коректор, ќе тврдат дека на тој начин ќе постигнете најдобар резултат со најмало количество на производи, многумина во спротивниот редослед го пронајдоа совршениот избор. Тие веднаш на почетокот на својата рутина за шминкање ќе ги прикријат сите недостатоци со коректор, а потоа ќе нанесат пудра по потреба.
Иако многу мејкап артисти се против овој редослед на примена на пудра и коректор, несомнено е добар избор за оние кои сакаат да користат минимално количество на пудра или целосно да го прескокнат користењето на пудра.