Женскиот мирис La Belle веќе подолг период е вистински хит! Лансиран е заедно со машкото издание La Beau во 2019 година, проследен со кампања и приказна што нè однесе во бујната градина на Рајот, миризливата градина на Gaultier. Парфимерите Quentin Bisch и Sonia Constant ја создадоа оваа прекрасна креација за уживање.

Потемен, позаводлив и поинтензивен!

Многумина го засакаа овој мирис и беа маѓепсани од шишето, но и од самата кампања. Сега дојде време брендот Jean Paul Gaultier да претстави нова верзија: потемен, позаводлив и поинтензивен La Belle Le Parfum. Новата креација се рекламира во кампања заедно со машкиот мирис Le Male Le Parfum, кој беше претставен минатата година, креиран од парфимерите Quentin Bisch и Natalie Gracia-Cetto. Неговиот карактер е потемен и посериозен од култното машко издание Le Male, задржувајќи ги заводливите аспекти деликатно обликувани со пудрест акорд од коренот на ирис.

- Реклама -

Црно-црвено омбре шише со екстремни облини!

Новиот женски мирис е опишан како сензуален, интензивен и зависен, создаден како ода на ултра-женственоста, која го исполнува црно-црвеното омбре шише со екстремни облини, крунисано со ѓердан од златни рози.

Моќен, ориентален и гурмански, овој мирис ќе нè предизвика со комбинација на круша, балсамична тонка во срцето и со многу мека и пријатна трага од ванила во основата.

Мирисот е достапен во шишиња од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum Intense.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име