Ryan Reynolds како рекламно лице за новиот Armani Code Absolu

Новиот мирис на популарната Armani Code мирисна линија наречен Armani Code Absolu, на пазарот ќе биде лансиран наскоро, но овој пат со нова рекламна кампања и ново заштитно лице на парфемот, канадскиот актер и продуцент Ryan Reynolds. За потребите на кампањата тој позира во персонализирано Giorgio Armani сако и како укажуваат од брендот, Reynolds „совршено ја карактеризира харизматичната колекција на мириси“.

Видеото за рекламната кампања изработено од режисерот Reed Moranoa, добитник на наградата Emmy за серијата „The Handsmaid’s Tale“, додека за фотографиите заслужен е фотографот Matthew Brookes.

Ryan Reynolds за Armani Code Absolu

Според Giorgio Armani, Reynolds е олицетворение на модерната сензуалност на Armani мажот. Неговата харизма, автентичност и стил без напор одговара на сензибилитетот на новата креација.

Armani Code Absolu

Новото поглавје од машката линија Armani Code, предизвикува со Absolu верзијата на оригиналот. Шишенцето го повторува обликот од претходните изданија на Armani Code едицијата, но овој пат со златен финиш на стакленото шише. Мирисот се очекува на пазарот од Февруари 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *