Модниот бренд Kenzo лансира два нови и свежи мириси наречени Aqua Kenzo. Иако дизајнот ја прати и надополнува мирисната линијата L’Eau par Kenzo, новите тоалетни води Aqua Kenzo pour Femme и Aqua Kenzo pour Homme претставуваат нови толкувања на енергијата и свежината на водата, наменета за зависници од вода.
Само за зависници од вода!
Новите Aqua Kenzo мириси за жени и мажи се лансирани со слоганот “Само за зависници од вода”.
Aqua Kenzo pour Femme
Aqua Kenzo pour Femme е создаден од парфемскиот нос на Louise Turner, како свеж, цветен и опоен мирис со сензуален траг. Aqua Kenzo pour Femme содржи цитрусен акорд од мандарина, мирисни ноти на лист од малина, помешани во една цветна композиција од магнолија.
Aqua Kenzo Pour Homme
Aqua Kenzo Pour Homme го создадоа парфемскиот двоец Ane Ayo и Philippe Romano. Кај Aqua Kenzo Pour Homme зачинските и свежи нота на розовиот бибер се во мирисна алхемија со лисја од лешници, сусам и кремасти акорди од сандалово дрво.