Michael Kors претстави нов машки мирис од колекцијата Extreme, во која се вклучени изданијата: Extreme Blue, Extreme Night, Extreme Rush, Extreme Speed и најновиот Extreme Sky. Мирисот е наменет за храбри мажи кои не познаваат граници. Michael Kors Extreme Sky е мирис кој се спротивставува на гравитацијата, мирис кој го бележи забрзаното чукање на срцето во освојувањето на небото и издигнување високо над сè.
Зачини кои ве носат до врвот на атмосферата и ве оставаат без здив!
Мирисот Extreme Sky е исполнет со ладни зачини кои ве носат до врвот на атмосферата и ве оставаат без здив! Мешавината на ледени зачини и енергичниот бергамот во отворањето, заедно со озонските ароми даваат доза на адреналин и се спојуваат со благородните и разноврсни дрвенести акорди на чемпрес, смрека, кедар и ветивер. Во основата мошусот му дава мазност на дрвенестите нијанси и го потенцира елегантниот карактер на ветиверот со молекулата Clearwood.
Extreme Sky со препознатливо шише од линијата Extreme!
Новиот мирис Michael Kors Extreme Sky е достапен во шишиња со иста форма како и претходните изданија на Extreme линијата во големини од 40, 70 и 120 мл, како Eau de Toilette.