- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Треба да направите избор на вашиот следен маникир? Инстаграм е полн со прекрасни идеи за маникири кои чекаат да инспирираат некого. Софистицираните, нежни пастелни маникири како бура беснеат на социјалните мрежи, а постојат многу варијации. Од пастелни врвови на безбојна основа, до прелевање на розова и боја на лимон. Пастелните бои се совршен избор за одлично расположение, а најдобриот начин да го комплетирате вашиот изглед е да направите маникир во боја на сладолед.

Пастелните маникири се совршен избор за топло време!

Пастелните лакови за нокти се како прегратка во шише. Дури и ако не сте личност која сака нежни бои, мора да признаете дека има нешто неодоливо привлечно во пастелните нијанси. Од baby сина, mint зелена до dusty розова, сите овие се нашите омилени нијанси. Конечно е време да се разделиме со нашите темни лакови за нокти. Овој тренд спаѓа некаде помеѓу nude маникир и авантуристички дизајн. Ако ова е премногу боја за вас, секогаш можете да додадете мат финиш за да го „смирите“ вашиот маникир. Има толку многу можности од кои може да изберете, а доколку сакате работите да ги направите малку поинтересни, во продолжение проверете кои маникири ќе ви ги осветлат деновите.

- Реклама -