- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сигурно знаете дека полни и сјајни усни се апсолутна мода оваа сезона, затоа неопходно е во својата мејкап колекција да имате кармин со многу висок сјај. Кармините кои ја содржат формулата на мулти-димензионален сјај гарантираат дека вашите усни ќе добијат чиста десетка на тестот за заводливост.

Се враќаат сјајните и полни усни

Glossy Look – Сјаен изглед во боите што ќе ги обожавате!

Светските трендсетери се многу јасни – на вашите усни мора да имате црвена, розова, нуд, корална или праска боја на кармин. Со тие бои сè почнува и сè завршува, бидејќи природниот освежувачки мејкап изглед дефинитивно ќе ја означи сезоната. Се враќаат се повеќе нежни нијанси, но уште поважно, формули исполнети со прекрасен сјај.

Со неколку неизбежни црвени класици, меѓу кои и онаа со најжестока нијанса со допир од портокал, вашите усни ќе изгледаат особено елегантно, опуштено и многу секси!

Се враќаат сјајните усни Црвен кармин

- Реклама -

Вистинскиот тренд за убавина се крие во нежни, розови кармини со пудрести тонови и во најсјајни изданија. Овие нијанси ќе ви дадат совршен конечен допир за совршен природен изглед, кој ќе доминира меѓу жените ширум светот.

На крај, меѓу омилените подтонови на нуд кармини е и слатката, фасцинатна боја на праска, која ќе им даде на вашите усни привлечен изглед и посебна топлина на вашето лице.

Се враќаат сјајните усни Никој не може да одолее на сјајни и полни усни

Се враќаат сјајните усни!

Исклучително сјајниот изглед гарантира дека вашите усни ќе изгледаат сочно-влажно и сосема неодоливо, а особено добар впечаток ќе оставите ако преку вашиот омилен кармин нанесете сјај за усни. Освен што ефектот е неверојатно секси, со овој потег целосно ќе ги следите светските мејкап трендови.

Не сакате кармини, или едноставно не сакате кога вашиот кармин се размачкува? Во овој случај, доволно е транспарентен или сјај во боја да го размачкате на вашите голи усни. Ако станува збор за вечерна варијанта, слободно земете сјај за усни со светки.

течен кармин

Меки, сјајни и блескави усни – никој нема да одолее оваа сезона!

Ммм… Усни!

светкави