Постојат неколку начини, како да го продолжите траењето на бронзениот тен и да изгледате беспрекорно прекрасно откако ќе се вратите од летен одмор.
Како да ја подгответе кожата пред сончање!
Подготовката на кожата пред сончање е многу битна ако сакате вашиот тен да трае подолго. Подгответе ја кожата за сончање со пилинг за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.
Дадете и влажност на кожата!
Најважно од сè да и дадете влажност на вашата кожа. Хидрираната кожа го задржува бронзениот тен на кожата. Колку повеќе вашата кожа е хидрирана, толку подолго ќе трае вашиот бронзен тен. Исто така, после секое туширање не заборавајте да нанесете хидратантен лосион.
Туширање со млака вода!
Туширајте се исклучиво со млака вода. Премногу топла вода за туширање ја суши кожата, а на тој начин исчезнува бронзениот тен.
Кожата негувајте ја со природно бадемово масло!
Одберете природно бадемово масло за нега на кожата. Најдобар ефект ќе има ако го нанесете на влажна кожа веднаш по туширањето. Не се облекувајте додека кожата не го впие маслото.
Не употребувајте прекумерно средства за миење!
Избегнувајте прекумерно користење на средства за миење на кожата бидејќи тие ја сушат кожата. Препорачувам да одберете средство за миење на кожата чија pH вредност е близу до природната pH вредност на кожата.
Не триете ја кожата со пешкир!
Избегнувајте да ја триете кожата со пешкир. По туширањето само благо тапкајте по кожата со цел пешкирот нежно да ја впие водата.
Исхрана богата со бета-каротин!
Во исхраната вметнете производи богати со бета-каротин, како што се дињата и морковите. По потреба може да земате дополнителни количини од витамин Б во капсули, кои не само што ќе ја задржат бојата на вашиот тен туку и ќе придонесат кожата да ви биде посјајна.
Внесувајте вода за здрава кожа!
Во вашиот организам внесувајте што е можно повеќе вода за да ја одржувате кожата здрава.