- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Модната куќа Gucci лансира ново Gucci Guilty Love Edition мирисно дуо како лимитирано издание на мирисната колекција Gucci Guilty што се разликува од претходните изданија со додадената ознака MMXXI. Новото дуо, како и претходните изданија се посветени на ексцентричните љубовници. Мирисите се спакувани во пастелни шишиња, овој пат во лаванда и светло розова нијанса.

Guilty Love Edition MMXXI pour Femme

Женскиот мирис Guilty Love Edition MMXXI pour Femme најавен е како ароматично-цветен мирис кој ја пренесува пораката за „непомирлива љубов“. Се состои од ноти на цитрусни овошја – хибрид од мандарина и портокал што расте на Кипар, бергамот, розов бибер и јоргован.

Женскиот мирис Guilty Love Edition MMXXI pour Femme достапен е во шише од 90 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -

Guilty Love Edition MMXXI pour Homme

Guilty Love Edition MMXXI pour Homme опишан е како модерен машки мирис, а се отвора со свежи ноти од италијански лимон. Белите цвеќиња во микс со ноти од мед ја збогатуваат хармонијата на акордите на цветот од портокал и француската лаванда во срцето на композицијата.

Машкиот мирис Guilty Love Edition MMXXI pour Homme е достапен во шише од 90 мл, како Eau de Toilette.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име