Најновиот мирисен чекор за Boss Bottled колекцијата од брендот Hugo Boss е различен од претходните изданија со поинтензивна композиција на новиот Boss Bottled Eau de Parfum. Најновиот интензивен мирис е создаден за мажот на денешницата кој останува доследен на себе, го следи својот пат и ја дефинира својата верзија на успехот.
Врел интензитет и живост!
Boss Bottled Eau de Parfum е создаден како рафинирана, дрвенесто зачинска композиција од мастер парфимерот Honorine Blanc. Новиот Boss Bottled Eau de Parfum носи врел интензитет и живост на безвременскиот машки мирис Boss Bottled Signature. Блескавите сочни јаболка и бергамот се во контраст со есенцијата на црн бибер која ги буди сите сетила.
Баланс на сила и софистицираност!
Зачинското срце е нијансирано со зависен костен, кардамон и масло од цимет, проследено со темен ветивер и мошус кој остава кожен и зачаден ефект врз кожата. Нуди моќен баланс на силата и софистицираност, благородна композиција која е создадена за амбициозен маж.
Заштитно лице на Boss Bottled капањата! Chris Hemsworth
Chris Hemsworth е заштитно лице на најновото парфемско издание Boss Bottled Eau de Parfum. Рекламната кампањата во Њујорк ја работеше James Gray. Видео кампањата Boss Bottled создава дијалог помеѓу внатрешниот и надворешниот живот на современиот маж.
Boss Bottled Eau de Parfum е достапен во шишиња од 50, 100 и 200 мл, како Eau de Parfum.